Влијанието на странските амбасади и странските дипломати во Македонија е преголемо и секој граѓанин тоа ќе ви го каже. Без разлика на етничка и идеолошка припадност, вели универзитетскиот професор и политички аналитичар Жидас Даскаловски во интервју за Сител.– Ако правите сондажа на мислења на граѓаните, ќе ви кажат дека е преголемо и тоа е жалосно за земјата. 25 години по независноста ние да имаме толкаво влијание од странските држави. Амбасадорите се претставници на странските држави. Тие дури и на некој начин ги нарушуваат вообичаените дипломатски стандарди и влијаат на внатрешните прилики во една земја, што не би смеело да биде така, вели Даскаловски.
Тој додава дека колку побрзо политичарите, политичките елити ќе сфатат дека ако сами не успееме да си го средиме дворот, многу лоши работи ќе се случуваат.
-Колку побрзо самите си ги решиме проблемите и најдеме излезни решенија, толку подобро. Можеби сега Македонија е во некоја жижа на интересирање на европската и американската дипломатија и политика, меѓутоа тоа е од краткорочен тип. Има многу посериозни проблеми во светот, па дури и на Балканот, со коишто тие ќе се занимаваат и се занимаваат. Значи ние може да имаме некое внимание минорно во моментов, но тоа постепено ќе опаѓа. И повторно ќе кажам, ќе биде до нас, до нашите политички елити да најдат решение за проблемите. Ако имаат интерес на граѓаните и на државата во прв план, тие тоа ќе го направат. Ако имаат теснопартиски интерес, тие ќе продолжат со оваа тензија, притисоци и постојано бојкотирање на институции, преговори и разумно однесување, вели Даскаловски.– Ако правите сондажа на мислења на граѓаните, ќе ви кажат дека е преголемо и тоа е жалосно за земјата. 25 години по независноста ние да имам