Основниот суд Скопје 1 денес потврди дека на барање на Специјалното јавно обвинителство бил извршен претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач.Соопштението до Судот е само потврда дека врз Крпач бил вршен притисок и тортура.
-На почетокот на месец април 2016 година од страна на Судија на претходна постапка организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, Судија на претходна постапка организиран криминал и корпуција има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Р.М. од две фирми ( меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува К.К. ) за кој настан во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер на Р.М. е под опсада“, информираат од Основниот суд Скопје 1.
Притисокот кој Крпач го има бил и дел од активноста на Специјалното јавно обвинителство во Централниот регистар, која и претходно беше осудена и опишана како холивудско филмско сценарио.
-Воедно, Основниот суд Скопје 1 – Скопје нема да ја коментира вчерашната акција на СЈО и нивните оперативно тактички мерки на клопка и заседа на институциите повикувајќи се на судски наредби и анонимни дојави кои што повеќе наликуваат на холивудско сценарио, а не на сериозно и посветено извршување на функцијата на еден орган како што е СЈО, стои меѓу другото во соопштението до медиумите на ОСС1, а во врска со активностите на СЈО спроведени во Централниот регистар.Соопштението до Судот е само потврда дека врз Крпач бил вршен притисок и тортура.
-На почетокот на месец април 2016 година од страна на Суд