Вкупно 5 хулигани од протестите на СДСМ и СОРОС добија куќен притвор – десетина кривични и прекршочни

Вкупно 5 лица добиле куќен притвор во траење од 8 дена, неколкумина заработија кривични пријави, а десетина лица ќе одговараат прекршочно по нередите предизвикани на протестите организирани од СДСМ и СОРОС.На ден 13.04.2016 година од страна на толпа демонстранти е извршено оштетување на Народната канцеларија на претседателот на РМ и на Министерство за правда. При интервенцијата на полициските службеници, поради постоење на сомнение дека се сторители на кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ, лишени се од слобода следниве лица:
Ж. З.(41) од Скопје, С.А.(23) од Скопје, И.И. (46) од Скопје, Д.Ј. (36) од Скопје, Г.А. (23) од Скопје, К. К. (22) од Скопје, Ф. Н. (30) од Скопје, М. Л. (38) од Скопје, К. Ѓ. (35) од Скопје, Н. А. (30) од Скопје, В. М. (30) од Скопје, Ј.Б. (34) од Скопје и Р.С. (46) од Скопје.
Против лицата Ф. Н. (30) од Скопје и Н. А. (30) е поднесена кривична пријава и од страна на судија на претходна постапка им е одреден куќен притвор од 8 дена, а против другите 11 задржани лица се поднесени прекршочни пријави по чл.14 и 15 од ЗЈРМ.
За истиот настан како дополнување на кр.пријава со Известување  до ОЈО е поднесено против М. Д. (31) од Битола.
Исто така поднесено е Известување до ОЈО против Б. Е. (20)  од Скопје и од страна на судија на претходна постапка му е одреден куќен притвор од 8 дена.
Во врска со оштетување на Народната канцеларија на претседателот на РМ и на Министерство за правда на 25.04.2016 година со покана се повикани лицата В.К.  (39)  и З.С. (40).  Истите се изведени пред судија на претходна постапка и им е одредена мерка куќен притвор во траење од 8 дена.
За настанот на 14.04.2016 година на ул. Даме Груев во близина на ТЦЦ Плаза дел од учесниците во протестот почнале да фрлаат тврди предмети (камења и бекатон плочки) кон полициските службеници кои извршувале службени задачи – обезбедување на протестот, при што со телесна повреда се здобиле тројца полициски службеници. За настанот е поднесено Писмено известување до ОЈО за запознавање за настанот кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“по член 385 од КЗ на РМ.
За настанот од 16.04.2016 година за време на одржување на протестот од страна на дел од учесниците фрлајќи балони со боја, јајца и други тврди предмети е извршено оштетување на фасадата на порта „Македонија“. СВР Скопје имале добиено известување дека порта Македонија е објект од посебно културно значење и пријава за  кривично дело Оштетување на туѓи предмети по чл.243 ст.2 од КЗ на РМ. Од нивна страна е поднесено Писмено известување до ОЈО за запознавање со настанот. Од лицата учесници во протестот кои вршат оштетување на порта Македонија утврдено е лицето Г. Т. (62). Од СВР Скопје пуштена е покана, но е утврдено дека лицето не живее на наведената адреса. По негово обезбедување ќе се поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје.
Во врска со истиот настан се утврдени две лица од протестите на 16.04.16 од оштетување на Порта Македонија. Станува збор за лицата Г. А. (22)  и С.С.К. (31). Доставена е информацијата до СВР Скопје, од нивна страна е извршена консултација со Обвинител, а по утврдување на изворот на фотографиите ќе се преземат мерки за поднесување соодветен поднесок до ОЈО.
За настаните од 14.04. и 16.04.2016 нема пријава против конкретни лица, а и понатаму продолжуваат активностите за идентификување на идентитет на сторители на наведените кривични дела.
Полицијата вчера преку мдиумите побара помош за идентификација на лицето кое беше снимено како излегува со лап топ од канцеларијата на Претседателот Иванов.
Од полицијата апелираат, сите кои имаат информации поврзани со ова лица да се јават на 192 или во најблиската полициска станица.На ден 13.04.2016 година од страна на толпа демонстранти е извршено оштетување на Народната канцеларија на претседа

Пронајдете не на следниве мрежи: