Започна да се реализира сценариото на Заев за виткање на кичмата на државата

Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС и соросовите колнски организации, протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата од Беса која е коалициски партнер на СДСМ, како и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата, анализира Република.Зоран Заев во 2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши проблемот со името.
–Она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да „свиткаме кичма“, како што знаат старите да кажат, истакна Заев.
8 години подоцна од истиот Заев државата е на работ со силно сценарио за виткање на кичмата. Воведот во тоа сценарио го направи истиот Заев кој ја разниша државата објавувајќи илегално снимани разговори. Многу е јасно дека појавувањето на истите тие материјали било со поткрепа на извесни странски служби чија цел ја гледаме две години потоа. Тенденција државата да е на колена, економски и политички истоштена со цел да биде спремна за компромиси.
Профилот на луѓе кои протестираат се платеници на СОРОС, странски елементи и платеници, навивачки хулигани, криминалци, и луѓе вработени во општините на СДСМ под закана за бркање носени на протести Последно во низата се насилните протести кои се организирани од СДСМ и чадорот на организации на СОРОС. На протестите на СДСМ може да се забележат истите ликови и фронтмени на сите минати протести од оваа партија. Истите илјада луѓе кои вршат терор врз целиот град Скопје претходните две години. Истите хулигани и организации кои ја нападнаа полицијата во мај минатата година во истото време кога терористичката група од Куманово се позиционираше во Диво Насеље. Одвлекувајќи го вниманието на полицијата СДСМ и СОРОС ја нападнаа, а резултатот освен направената штета имаше и повредени полицајци. Сега јавна тајна е дека за дневница од 50 евра па нагоре се платени истите луѓе да протестираат. Тоа се оние најжестоките кои се судруваат со полицијата, и кој прават штета врз објектите. Парите им ги исплаќаат помал број на познати блиски бизнисмени до СДСМ и соросови организации. Истовремено во неформалната организација на луѓе се јавуваат и познати криминалци од Скопје и градовите на кој Заев им има ветувано бизниси. Другата половина се луѓе кои се вработени во општините Центар, Струмица и Куманово кои секојдневно патуваат до Скопје под закана дека ќе ги загубат своите работни места доколку не дојдат на протест. За ова говорат и автобусите најчесто со Кумановски и струмички регистарски ознаки паркирани на различни места додека СДСМ протестира. Истовремено на самите протести има често присутни луѓе кои очигледно се државјани од други држави, што укажува од каде сето ова доаѓа.
Дека се во игра сериозна сума на пари со која се плаќаат протестантите на СДСМ пишува и главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас, кој прави паралела- кога контра нив ќе се собере народ, и тоа пет пати поброен, народот е навредуван, омаловажуван и исмеван. Сопствениот народ. Велат, ВМРО ги собирал на јадица, им давале сендвич за да дојдат на нивните собири. Бедно. ОК дечки. Тие што вас ве водат, од Сорос и Канвас, примаат по десет илјади евра за секој протест. Да, десет илјадарчиња по протест. Тоа се отприлика дваесет илјади сендвичи секој ден. А вие ни хартијата од тие сендвичи ја немате за себе.
Па ако е за сендвичите, каде е народот да дојде за вашите сендвичи, за десет илјади евра дневно има многу сендвичи, а и да остане за прослава у кафеана потоа – пишува Латас.

Продавачите на скапа магла од Србија секојдевно присутни во штабот на СДСМ, но ниту тие не го перат Заев. Република“ веќе објави дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Според нашите сознанија повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството.
Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Тогаш објавивме дека Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери.
Тоа е истата агенција која преку Фактор Ардиа плус пушта лажни анкети. Дури и на ваквите штелувани анкети Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните. Истите овие луше многу често се присутни во штабот. Насилството и обезличувањето главен адут на СДСМ и СОРОС.

Многу е веројатно дека барем оваа генерација на политичари на СДСМ никогаш нема да понудат програма. Нивниот главен адут е насилството, нападот врз полицијата и фарбањето на спомениците што преставува обезличување на историјата на овој народ.
Во хулиганството, нападот на полицијата, сквернавењето на Порта Македонија, Министерството за култура – објект од триесетите години на минатиот век и низата напади учествуваше Алек Гошев, член на СДСМ и НВО „Аман“.

Во првите редови на насилните протести се најдоа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и пратеникот од опозицијата Горан Сугаревски, како и поранешниот секретар на СДСМ Горјан Тозија.
Меѓу хулиганите свое место најдоа и Љубомир Јосифовски пратеник од НСДП, Ѓуро Кешкец од СДСМ, Стојанче Ангелов од „Достоинство“, братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски и Бориан Афтимов од СДСМ на Центар.Зоран Заев во 2008 година од позицијата вд престедател на СДСМ даде изјава дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши проблемот со име

Пронајдете не на следниве мрежи: