Со мерката за 80% финансиска поддршка при набавка на високо приносен добиток ќе се обезбедат повисоки приноси за сточарите, а со поквалитетните производи кои се добиваат од ваквите грла добиток, македонскиот земјоделец ќе стане поконкурентен на европскиот пазар, вели заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.Mерката која вчера ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е дел од програмата на партијата и би стапила на сила од јануари идната година, а предвидено е Владата да покрие 80% од трошоците за набавка на високоприносен добиток, со кој не само што ќе се подобри квалитетот на производството и одгледувањето на добиток, туку за неколку пати ќе се зголеми заработувачката на сточарите и оние кои планираат да се занимаваат со сточарство.
При креирањето на оваа мерка, се воделе и од фактот да го подигнат нивото на бројност на добитокот во Македонија, но и да го подобрат квалитетот на структурата во овчарството, краварството, свињарството.
-И на ова ниво на бројност што го имаме сега, структурата не е поволна ниту за земјоделците, ниту за државата. Во таа насока ќе обезбедиме два милиони евра за овој проект и уште три милиони евра за системот „капка по капка“ со цел да постигнеме ефекти, истакна Костадиновски.
Осврнувајќи се на придобивките од оваа мерка, заменик-министерот Костадиновски напомена дека се фокусирани и на производство на евтина добиточна храна која ќе се применува при одгледување на добитокот.
Мерката за финансиска поддршка од страна на државата при набавката на високо приносен добиток ќе почне да се применува од 1 јануари 2017 година преку Програмата за рурален развој.
Максималната вредност на прифатливи трошоци ќе изнесува до 100 милиони денари со кои може да се купат максимум 100 крави или 1000 високо приносни кози или пак 800 високо приносни овци.
Средствата ќе се доделуваат како неповратна финансиска помош, а право на користење ќе имаат сите одгледувачи на добиток кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Набавката на добитокот ќе се врши од признати одгледувачи на добиток.Mерката која вчера ја промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е дел од програмата на партијата и би стапила на сила од јануари идната г