Унија на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Книгите се единствената сила која може да се спротивстави на глупоста и незнаењето

Сведоци сме на сквернавање на дрска и безочна злоупотреба на значењето на зборовите ПРАВДА, СЛОБОДА, МИР, МАКЕДОНИЈА.Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, по поводот „Светски ден на книгата “, од битолскиот Музеј, каде што се чува Битолската плоча, стара десет века, ја упати оваа порака:
„Кога Македонија чествува илјада и сто години од Светиклиментовите слова, а Битола илјада години од именувањето на камената плоча пред која се наоѓаме, важноста на зборот е уште повеќе нагласена во светлината на предизвиците со кои сите се соочуваме и во Македонија и во светот. Ако книгите се чувари на зборот, колективна меморија на народот, сите ние денес имаме обврска да го одбраниме неговото вистинско значење и смисла. Сведоци сме на сквернавање на дрска и безочна злоупотреба на значењето на зборовите ПРАВДА, СЛОБОДА, МИР, МАКЕДОНИЈА, чија светост сите заедно имаме обврска да ја сочуваме и предадаеме на идните генерации. Во овој контекст и пораката на Ирина Бокова генерален директор на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на книгата – „ … Во пресудни времиња, како овие, книгите ја отелотворуваат човековата способност за апел до сите во светот да ги користат гласовите на разбирање, дијалог и толеранција. Книгите се единствената сила, која може да се спротивстави на она што го нарекува Шекспир „заедничко проклетството на човештвото – глупоста и незнаењето“.
Унијата на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, по поводот „Светски ден на книгата “, од битолскиот Музеј, каде што се чува Битолската плоча,

Пронајдете не на следниве мрежи: