Кому му користи од Македонија да направи слободно пристаниште за мигрантите на вратите на Европа?

Овие исти денови, се појавуваат и слики од протестите на плоштадот во Скопје, неколку илјади приврзаници на партиите од левицата, протестираат против намерата, не одлуката, на Претседателот на државата да даде амнестија на неколку лица, пишува во својата колумна Лука Волонте, со наслов „Кој има корист од дестабилизација на Европа?“.Вистинската причина за насилствата, палежите и протестите е всушност желбата дополнително да се одложат политичките избори, а притоа треба да се напомене дека Демохристијанската парија (ВМРО ДПМНЕ) и политичките партии од албанското малцинство се во многу поголема предност во испитувањата наспроти левицата. Загрижува и тоа дека во овие часови се зборува за шарена револуција, односно дека овие протестни движења се спонзорирани од Институтот Отворено Општество на Сорос ( ги финансира Radio Liberty, Балкан Инсајт, Призма и други НВОа) и од USAID, пишува Волонте кој е еден од најпопуларните италијански политичари.
-Дали се тоа само случаи од историјата, случајни коинциденции? Се прашуваме, не без да размислуваме за тоа, зошто некој сака да се предизвика нестабилност во држави и земји, како и ситуации кои веќе се тешки, како онаа со која се соочува Европа, со феноменот на епохалната миграција. Сакаа ли да им создадат потешкотии на поддржувачите на останувањето на Обединетото Кралство во Европа, кога се погоди Дејвид Камерун или врз стабилноста на Украина кога се обвини Порошенко со Panama Papers? Сакаат ли да се направи од Македонија слободно пристаниште за мигрантите на вратите на Европа и заседа со цел да се предизвика дополнителна нестабилност во Грција, Албанија, Бугарија? И кому му користи сето тоа? Разбирливо е дека може да им биде од корист на шпекулативните интереси на “филантропите” кои растат благодарение на нивната активност, но не наоѓаме причини кои би можеле евентуално да го оправдаат дејствувањето на USAID. Европската нестабилност зошто би требало да им е од корист на САД и доколку делувањето на USAID, во договор со Сорос, е надвор од контрола, зошто администрацијата на Обама не го спречи тоа? Сите отворени прашања кои средбата во Хановер, закажана за следниот понеделник , ќе мора целосно да ги разјасни. Една Европа слепо зависна од САД , а можеби и управувана од филантропски марионети, не би имала иднина, би ја зголемувала силата и согласноста на антиевропските и антиамериканските партии и не би им била од голема корист ниту на самите Американци, анализира Волонте.
” Уште позагрижувачки е тоа што преку мас медиумите, дознаваме што се случува во Македонија овие седмици,односно дека границата во Идомени каде илјадници мигранти се во очекување на „ регистрација и проверка“, се опишува како „собир на очајници“, напаѓани со солзавец и употреба на насилство од страна на македонската полиција. Сепак, никој не може да негира дека на разните слики пренесувани од телевизиите, јасно се гледаат „герила“ напади со камења и молотови коктели кон граничната полиција, пишува тој.
Лука Волонте е еден од најпопуларните италијански политичари. По убедување и политички ставови секогаш десничар. Пратеник во Италијанскиот Парламент од 1996г, важи за силен поборник на центар десните и христијан демократските вредности. Претседател (координатор) на пратеничката група на Христијан демократската партија на Италија, како и Претседател на Европската народна партија во ПССЕ. Основач и Претседател е на Фондацијата “Нова тера” која се занимава со заштита на традиционалните семејни вредности.Вистинската причина за насилствата, палежите и протестите е всушност желбата дополнително да се одложат политичките избори, а притоа треба да се на

Пронајдете не на следниве мрежи: