Нова мерка за земјоделците – Поддршка од 80 отсто за набавка на високоприносен добиток

Поддршка од 80 отсто за набавка на високоприносен добиток е новата мерка од програмата на ВМРО-ДПМНЕ која вчера ја најави претседателот на партијата Никола Груевски за време на посетата на сточарска фарма во селото Нова Брезница.Оваа мерка ќе почне да се применува од јануари 2017 година, а право на користење ќе имаат одгледувачи на добиток кои се запишани во единствениот регистер на земјоделски стопанства.
– Од она што е досега регистрирано, во Македонија најчесто се застапени автохтоните раси, за кои просекот во Македонија е 3.000 литри од крава со 305 дена лактација во годината. Во новата програма предвидуваме нова мерка, со која ќе им помогнеме на сточарите и на оние коисакаат да бидат сточари, да можат да набават високоприносрни говеда коишто во тие 305 дрна лактација ќе даваат по 8.000 литри млеко. До вредност од 10 милиони денари 80% од трошокот за набавка ќе го покрива државата. Тоа е огромна помош, рече Груевски.
Со најмногу 10 милиони денари можат да се купат 100 крави холнштајн или илјада високоприносни кози или 800 високоприносни овци, а 80 проценти од овој износ, нагласи Груевски, ќе може да ги покрие државата.
– Се предвидува и за оние кои одгледуваат крави за месо, замената на кравите да може да се направи со 80% поддршка од државата. За да стигне кравата до 500 кг, за да биде подготвена за колење и за продажба на месото потребно е во просек околу 18-24 месеци. Владата ќе обезбеди поддршка за нови видови високоприносни крави, кои ќе ја достигнуваат потребната тежина за 12-14 месеци. На тој начин обртот ќе биде многу поголем и заработката многу поголема, појасни Груевски.
Груевски истакна дека предвидениот износ на средства за реализација на оваа мерка на годишно ниво ќе изнесува 2 милиони евра.
– Нешто слично ќе се направи и со одгледувачи на други видови на добиток, овци или кози на пример. Сегашните раси во Македонија, исто така, даваат низок принос, а со набавката на новите раси се очекува тој да се зголеми за 3-4 пати. На пример, приносот од кравите кои сеодгледуваат за млеко ќе се зголеми за 2,5 пати. Ако сега заработката од една крава е околу 1000 евра, со новата мерка, со која кравата ќе дава 8.000 литри, заработката ќе биде 173.000 денари, рече Груевски.
Кај овците, пак, карактеристични за нашето поднебје, за педриод на лактација од 150 дена, производството на млеко изнесува 75 литри, а приходите би биле 3.112 денари. Приносните млечни раси пак, со период на лактација од 180 дена, даваат просечно од 260 до 300 литри млеко, а приходите во тој период би биле 12.450 денари ли речиси за 4 пати повисоки. Просечната цена на чинење на високо приносниот добиток аваси, асаф или источно фризиска овца изнесува 250 евра. Што се однесува до козите присутни кај нас, периодот на лактација е 170 дена, се добиваат околу 200 литри млеко, а заработката е 5.100 денари. Високо приносните Аплина или Санска се со период на лактација е 200 до 240 дена и се околу три пати поголем обем на производство на млеко од 600 до 650 литри, додека заработката пак би била 15.300 денари. Ваквите приносни раси кози чинат 200 евра по единка.
Во однос на високоприносен добиток за производство на месо, како што појасни Груевски, за говедското месо мешаните раси кои се одгледуваат кај нас за да достигнат 500 килограми треба да се прихрануваат од 18 до 24 месеци. Високоприноснит добиток, подвлече тој, масата од 500 килограми ја достигнува во период од 12 до 14 месеци.
– Во Македонија постојат почетни искуства за високоприносен добиток, кои се исклучително позитивни. Во Пелагонискиот регион се одгледуваат околу 3500 грла крави од расата холнштајн. Нивниот просек е 7.200 литри во период на лактација и тој расте и се приближува до еворпскиот просек, изјави Груевски.
Осврнувајќи се на системот „капка по капка“ како мерка која беше промовирана во изминатиот период за земјоделците кои се занимаваат со обработка на земјиште со 80 проценти поддршка за воведување на овој систем и изградба на бунари, Груевски потенцира дека поддршката се однесува не само за секаков вид земјоделци, не само на тие кои егзистираат преку обработка на земја, туку и за оние чија егзистенција е преку одгледување стока.
Инаку, фармата во село Нова Брезница што ја посети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ постои од 2001 година со околу стотина крави и телиња и 100 овци и е редовен корисник на субвенциите што ги дава државата за сточарите.Оваа мерка ќе почне да се применува од јануари 2017 година, а право на користење ќе имаат одгледувачи на добиток кои се запишани во единствениот ре

Пронајдете не на следниве мрежи: