До кога СДСМ ќе уништува се што е македонско?

Сквернавејќи го спомен обележјето на АСНОМ во центарот на Скопје, СДСМ и СОРОС по којзнае кој пат удрија по македонската држава. 
Но, ваквото сквернавење  не само што не е осудено од страна на опозицијата, туку нејзините челници се дел од насилните протести. Вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и Гзим Острени некогашниот воен командант, немо го гледаа сквернавењето на овој значаен за Македонците споменик.

Спомен обележјето е изградено за истакнување на силна почит кон Кирил Петрушев и Емануел Чучков, Панко Брашнаров, офицерите Тихомир Милошевски и Тодор Стојанов – Ѕвездин, Киро Глигоров и Веселинка Малинска, како секретари, Бане Андреев, Методија Андонов – Ченто и Махајло Апостолски.
Внукот на Ченто преку социјалните мрежи вчера испрати порака:

Здружението на борци од НОБ: СДСМ да се извини пред споменикот на АСНОМ
Го изразувам своето незадволство за она што во последните денови се случува во Македонија, особено за уништувањето на нашите историски споменици, вели денес Милан Солаков, претставник на Здружението на борци од НОБ.
-Секогаш кога сум поминувал тука, сум се поклонувал пред овој споменик. Секогаш со почит сум гледал на овие личности, сум имал чест да соработувам, да им бидам советник посебно да Веселинка Малинска, на генерал Апостолски со кој сум ја шетал цела Македонија. Сум слушал низ која голгота минувале овие луѓе да дојдат до Прохор Пчињски, вели Солаков во името на Здружението на борци од НОБ.
Солаков кој вели дека ги познавал учесниците во Првото заседание на АСНОМ сметаат дека тие личности денес не го заслужуваат тоа што го гледаме на спомениците.
-Посебно ме трогнуваше кога ќе ми кажее под какви услови тоа го правеле. Во казаните во кои јаделе ги переле своите алишта за  да ги уништат вошките. Зарем заслужуваат ваков однос денеска, овие симболи на државноста? Ги повикувам СДСМ во чие име на таа партија е вграден идеалот на овие луѓе за слобода и социјална правда, да дојдат овде да се извинат, да им дадат почит и да се извинат за ова што го прават, порача Солаков.
Жестоки осуди за вандализмот од македонските уметници
Македонските уметници, спортисти, актери, пејачи деновиве испраќаат остри осуди на сметка на насилниците кои ги сквернават спомениците во Скопје.
Светски познатата пијанистка Елена Мисиркова која е прогласена за амбасадор на македонската култура во Австрија смета дека Министерството за култура не залужува да биде цел на насилнички акти.
-Министерството за култура на Република Македонија даде и сé уште дава огромна поддршка на уметниците и нивните дела, поддржувајќи ги и посветувајќи ја својата транспарентна програма, и непрестајно вложувајќи во творците на нашата земја, кои заедно оставија и оставаат во завет културно наследство и споменици на културата за генерациите што доаѓаат, и затоа, не заслужува да биде цел на насилнички акти, пишува Мисиркова.

Зафирчев: Не е ружна портата, ружна е пораката на оние кои сквернават и оние кои го одобруваат тоа
Не е “ружна” портата, “ружни” се мислата, гестот и пораката на оние кои сквернават и на оние кои го одобруваат тоа, напиша на својот Фејсбук профил македонскиот актер Васил Зафирчев.
-Без оглед на времето, контекстот и референцата со која се изградени, спомениците се апсолутна дефиниција на нашиот културен, историски и национален идентитет. Нивното уништување е само отсуство на припадност кон овој народ и оваа држава и немање почит кон нејзината историја и традиција, а со тоа немање почит кон себе си, напиша тој.
Игор Стефановски-Иџе: Енергијата да се насочи кон натпреварување, а не кон уништување
Најдобриот македонски автомобилски ас Игор Стефановски-Иџе коментирајќи ги псоледните случувања во земајва на социјалните мрежи пишува дека  помеѓу младите треба да преовладува спортскиот дух и желбата за натпреварување и енергијата да се насочи кон тоа, а не кон уништување.
-Треба да сме спремни за борба, но спортска, на патеките, на терените, во ринговите, во спорските сали . Да ја насочиме нашата енергија кон натпреварување, а не кон уништување, само така ќе допринесеме нешто за нас и за целото општество, со така насочената енергија ќе создадеме нешто, на кое сите ќе се гордееме, со кое Македонија ќе се гордее, напиша „Летечкиот Македонец“.
  
Но, ваквото сквернавење  не само што не е осудено од страна на опозицијата, туку нејзините челници се дел од насилните протести

Пронајдете не на следниве мрежи: