Движењето „Протестирам” никаде не е регистрирано

Граѓанската иницијатива се покренува пред советот на општината и градот Скопје, по предлог на 100 граѓани.Барањата на „Протестирам” се речиси идентични како оние на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа се одложување на изборите на неодреден период, формирање преодна влада, реформи во медиумите, како и прочистување на Избирачкиот список
Граѓанското движење „Протестирам”, кое се јавува како организатор на протестите во Скопје, не е никаде регистрирано, велат нивните членови. Тие нагласуваат дека не гледаат потреба да бидат регистрирани и дека не сакаат да се експонираат, пишува Вечер.
­ Функционираме како неформална граѓанска иницијатива. Го користиме правото на протест како и сите граѓани. Не сакаме да се истакнуваме како лидери, туку како група ­ вели за “Телеграф” Владимир Делев, член на „Протестирам”.
Граѓанската иницијатива се покренува пред советот на општината и градот Скопје, по предлог на 100 граѓани.
Барањата на „Протестирам” се речиси идентични како оние на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоa се одложување на изборите на неодреден период, формирање преодна влада, реформи во медиумите, како и прочистување на Избирачкиот список.На протестите, кои се во организација на „Протестирам” досега се случија неколку сериозн инциденти, како што е демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов каменувањето на Министерството за правда, обидот насилно да се влезе во седиштето на ВМРО­ ДПМНЕ, како и гаѓањето со боја врз Министерството за култура и врз „Порта Македонија”.
Во текот на вчерашните протести, пак, на удар се најдоа споменикот „Прометеј” во Паркот на жената борец, како и зградата на Град Скопје, кон кои полетаа кеси со боја и јајца.
Ваквите нивни постапки беа осудени од обичните граѓани, кои сметаат дека треба да престанe уништувањето на објектите и спомениците и обидот по насилен пат да ги остварат своите права.Барањата на „Протестирам” се речиси идентични како оние на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа се одложување на изборите на неодреден период, фо

Пронајдете не на следниве мрежи: