Груевски: Заев не е способен да признае пораз

Со ова СДСМ практично и Заев оди против своето членство, затоа што тие се тие што ќе останат без ниту еден пратеник во Парламентот на Република Македонија. Она што можам да го видам е дека практично во сиот овој период, гледам дека самиот Заев нема капацитет да признае пораз, рече Груевски во Дневникот на Канал 5.-Значи кога си во политиката и секаде во животот треба да се бориш да победиш, треба да направиш се што е во твоја моќ во некои рамки што се легални, што се морални и така натаму, етички и слично. Меѓутоа, ако се случи да загубиш исто како и во спортот траба да имаш капацитет да пружиш рака и да кажеш загубив, направив се што можев, ти ја доби подршката одиме понатаму. Тоа го нема господинот Заев, тоа го видовме и во 2014 година веднаш после изборите кога во 19 часот излезе да прогласи дека немало фер избори, затоа што знаеше што го очекува откако ќе се пребројат гласовите, тоа го видовме и во сиот изминат период, тоа го видовме и кога требаше на 24 април да се оди на избори, тоа го гледаме сега откако му прифативме на 5 јуни да бидат изборите наместо на 24 април, значи човекот нема елементарен капацитет за натпревар, за еден чесен, слободен и фер натпревар. Тој во свои блиски кругови, меѓу свои блиски пријатели говорел дека ќе излезе на избори само тогаш кога ќе бил сигурен дека ќе ги доби, рече Груевски.
Тој нагласи дека тоа не е нормално за една демократија, тоа ги руши принципите, тоа ја руши државата.
-Сите ние можеме, кога на пример чувствуваме дека имаме помала подршка да бегаме од избори, но тоа не е начин. Јас се сеќавам во 2004 година, анкетите покажуваа дека пред изборите против кандидатот на господинот Кедев за претседателски кандидат имаше предност. Можев да избегам од изборите, можев да најдам милион причин, да кажам дека нема да учествуваме на изборите, меѓутоа влеговме чесно, влеговме со добри идеи, влеговме со цела наша енергија, сите заеднички да се обидеме да го престигнеме резултатот, тоа ме чинеше многу тоа ме чинеше потоа поделба во партијата, излегување на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.-Значи кога си во политиката и секаде во животот треба да се бориш да победиш, треба да направиш се што е во твоја моќ во некои рамки што се легалн

Пронајдете не на следниве мрежи: