Започнува мониторингот на медиумското известување за изборите

Тим на Агенцијата за медиуми денеска официјално го започнува мониторингот за медиумското известување за предвремените парламентарни избори, а започнува да тече и рокот од пет дена во кој треба да се усвојат ценовници за платено политичко рекламирање и да ги достават до четири институции.Директорот на Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска на прес-конференција информираше дека мониторинг-тимот составен од дваесетина луѓе, во најголем дел работени во Стручната служба и неколку надворешни соработници, секојдневно ќе ја следат 24-часовната програма на националните телевизии и радија.
– Согласно Методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси, во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, предмет на мониторингот се два телевизиски и два радио сервиси на Јавниот радиодифузен сервис и Собранискиот канал, петте телевизии кои емитуваат програма преку преносен капацитет на дигитален терестријален мултиплекс, петте сателитски телевизии, четирите кабелски телевизии и две од националните комерцијални радија, изјави Трајчевски. 
Досега со мониторингот се следеше дали се почитуваат забраните за емитување реклами финансирани од јавни средства и за емитување платено политичко рекламирање, а отсега, како што кажа тој на прес-конференција, на ова се надоврзува и мониторингот на известувањето во централните дневно информативни емисии, како и на пристапот во сите информативни програми.
За сите други програмски сервиси Агенцијата ќе врши мониторинг врз основа на претставки.
– Најдоцна до вторник, 19 април, сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања треба да ги утврдат цените и тоа така што цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните три месеци пред денот на распишување на изборите и вака формулираните ценовници да ги достават до Агенцијата, до ДИК, Државниот завод за ревизија и до ДКСК, рече Трајчевски.
Според Изборниот законик, посочи тој, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават на своите програми ценовниците за платено политичко рекламирање и дека не е дозволена нивна промена за време на изборниот процес.
Од денеска функционира и посебен дел на веб-страницата на Агенцијата посветен на изборите 2016 година.
– Во овој посебен банер можете да ги најдете Изборниот законик, Методологијата за мониторинг, ставовите на Агенцијата во врска со изборната регулатива, материјалите од реализираните обуки со радиодифузерите и линк до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите. Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови, рече Трајчевски.
Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албанската и на англиската верзија од веб – страницата.
Трајчевски ги повика сите радиодифузери, како што рече, крајно сериозно и одговорно да ги сфатат повиците за професионалност во работењето.Директорот на Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски денеска на прес-конференција информираше дека мониторинг-тимо

Пронајдете не на следниве мрежи: