Народот во Македонија гневен на насилниците од СДСМ кои им посакуваат смрт на политичарите

Хулиганите кои вчера дивееја низ Скопје, уништуваа приватен имот, тепаа и навредуваа полицајци, поттикнати од СДСМ и СОРОС.Една од нив, која е дел од сите протести организирани од СДСМ, дерејќи се по полициските службеници им посака да се повтори Куманово, со што директно им посака смрт.
Граѓаните кои во своите срца се уште чувствуваат болка по загинатите херои во Диво Насеље, се разгневија по ваквото однесување кон полицијата.
Припадниците на безбедносните сили се наши херои кои ризикувајќи го својот живот ги бранат нашата држава и народ. Поддржувачи на СДСМ на овие лица им посакуваат смрт.
На социјалните мрежи, граѓаните го споделуваат видеото каде оваа девојка, Божиновска, ги нарекува полицајците „овци“, „ретардирани“, „малоумни“ и им порачува „Куманово да ви се деси“.
Граѓаните испраќаат критика на сметка на СДСМ, партијата на Заев која јавно дава поддршка на овие протести и не се оградува од ваквите чекори.
„Имаат ли СДСМ дно?“, „Куманово да им се деси? Па понормално нешто не ни очекував од вас…предавници уште од мајчина утроба! Да посакаш смрт на некој што ти го штити домот и фамилијата, треба да си болесник, психопат! ДНО СТЕ СИТЕ ДО ЕДЕН!  СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА!“, „Само Господ може да суди“… пишуваат граѓаните.
Низа гневни граѓани испраќаат коментари со осуда до ваквото однесување, а во продолжение пренесуваме дел од нив.

Една од нив, која е дел од сите протести организирани од СДСМ, дерејќи се по полициските службеници им посака да се повтори Куманово, со што директ

Пронајдете не на следниве мрежи: