Синдикатите го поддржуваат Иванов: На граѓаните им треба успешна економија а не секојдневни политички препукувања!

Синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија, во кои членуваат повеќе од сто илјади работници од реалниот ( приватниот ) и од јавниот сектор на Република Македонија, со големо одобрување ја примија историската, a во исто време и одлука на исклучително одговорен и мудар татко на нацијата, а станува збор за вчерашната одлука на Претседателот на Република Македонија, почитуваниот Ѓорѓе Иванов, се вели во Реакцијата од Синдикатите.Во продолжение интегрален текст од реакцијата на Синдикатите….
Претседателот на државата, со вчерашната одлука, го означи патот за излез од кризата и го посочи правецот на национално обединување по сите линии. Убедени сме дека неговата одлука ќе значи не само почеток, туку и брзо разрешување на исклучителните опасни состојби со кои, за жал нашата сакана татковина денес е соочена. Ова е државничка одлука која бараше големи жртви. Одлука која не се носи заради водење дневна политика или грижа за политичкиот рејтинг, туку одлука која е државничка и која е насочена кон просперитетна иднина.
Претседателот Иванов мудро ја анализирал состојбата и увидел дека најмоќните партии се длабоко вкопани во своите ровови и дека нивниот антагонизам не само што не се намалува, туку го зголемува раздорот меѓу граѓаните и ја загрозува иднината на оваа земја. Претседателот Иванов мудро заклучил дека никој не отстапува, дека институциите се закочени и блокирани, а дека меѓународни претставници почнале да дефилираат по судовите наместо да ги остават да ја делат правдата согласно македонскиот устав и закони.
Како вистински татко на нацијата, Претседателот Иванов мудро пресече дека оваа земја не е ниту на ВМРО ДПМНЕ, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ, ниту на ДПА. Оваа земја припаѓа на сите граѓани и нејзината иднина не смее да биде доведена во прашање заради ситни дневнополитички интереси.
На граѓаните им треба успешна економија, нови работни места и подобардард стан, а не секојдневни политички препукувања кои не водат никаде, освен што задоволуваат нечии туѓи интереси.
Република Македонија е татковината на сите што живеат во неа и сите што и сакаат просперитетна иднина и убедени сме дека со големо олеснување ја примија одлуката на Претседателот, бидејќи нашата татковина повеќе од една година, а особено последните неколку месеци, реално е доведена во состојба да биде жртва на некои кои никогаш не и посакувале добро.
Изјавуваме дека повеќе од сто илјадното синдикално членство на веќе споменати федерации, многу одговорно и трпеливо очекуваше политичките легитимни субјекти во Р.Македонија, да ја сватат сериозноста на ситуацијата и со одредена поддршка од вистинските меѓународни пријатели, одамна да ги надминат ваквите неприфатливи состојби. За жал, спротивно на тоа, дел од политичките субјекти ја одбраа стратегијата – што полошо за државата, толку подобро.
Затоа му честитаме на Иванов за храброста и одлучноста во овие мигови и го охрабруваме да издржи на патот по кој што чекори.
Ги повикуваме граѓаните на Република Македонија да не реагираат импулсивно и емотивно во овие сериозни мигови, туку внимателно да ги анализираат образложенијата кои Претседателот на Република Македонија ги даде по повод оваа негова одлука.Во продолжение интегрален текст од реакцијата на Синдикатите….
Претседателот на државата, со вчерашната одлука, го означи патот за и

Пронајдете не на следниве мрежи: