Шокантна изјава на сопругата на суровиот убиец!

Јаворка Богдановиќ сопругата на суровиот убиец Љубиша Богдaновиќ , кој вчера сурово уби 13 лица, отакако дојде при свест даде шокантана изјава на докторите за медиумите.
-Љубиша стана околу 5 часот наутро и го запали светлото во спалната соба. Го држеше пиштолот во рака. Мислев дека е тоа играчка и дека се шегува. Рече дека за нас нема веќе живот, рече таа.
Ова на докторите во Ургентниот центар во Белград им го раскажала Јаворка Богдановиќ, сопругата на Љубиша Богдановиќ.
-Единствено што прашува и што ја интересира е што се случило со нејзиниот син. Досега уште никој не и кажал дека тој им подлегна на повредите. Ни кажа дека синот заедно со чичко му, братот на Љубиша, рано наутро се спремал да оди на работа. Со плачење, само за себе, праша дали успеал да отиде на работа или неговиот татко успеал да го убие – изјави еден од докторите кој ја прегледал Јаворка.
-Сите бевме како едно големо семејство. Немаше навестување дека ќе го направи ова – рекла Јаворка во Ургентниот центар.
Нејзината здравствена состојба е стабилна.
-Таа е подобро. Се разбуди и комуницираше со докторите. Животот не и е веќе во опасност. Притисокот и свеста и се подобруваат, и тоа се добри вести – изјави докторот во Ургентниот центар, Златибор Лончар.Јаворка Богдановиќ сопругата на суровиот убиец

Пронајдете не на следниве мрежи: