Катица Јанева со нова политичка претстава

Провидната политичка игра на специјалната обвинителка Катица Јанева ја прочита и професорката Биљана Ванковска која преку својот профил на Фејсбук и препорача во иднина да ги војува своите битки пред институциите, наместо да ја убедува јавноста преку медиумите во основаноста на сомнежите за поведување истрага.-Читам коментари во кои се заклучува дека од Ленче треба да се учи како се води прес-конференција… Ама луѓе божји, таа не е ниту новинар ниту лице со квалификации за односи со јавност – од неа очекуваме правни квалификации и настапи, а не прес-конференции! Со внимание ја ислушав прес-конференцијата и ми се наметнуваат два впечатоци: прво, Катица наместо на устав, закон и меѓународни акти се повикува на книга на проф. Шкариќ и на извештајот на Прибе!? (и натаму чита како некои мои студенти кога прават „презентација на час“, па јас тоа не им го уважувам како активност). Второ, наместо да ја убедува јавноста преку медиумите во основаноста и постоење на основаните сомнежи за поведување истрага, СЈО треба да ги војува своите битки пред институциите, првенствено судовите. На овој начин, можеби во текот на времето СЈО ќе ги освои срцата и умовите на граѓаните, можеби ќе се стекне со рејтинг кој ќе се покаже на испитувањата на јавното мислење, ама не нужно ќе резултира со ефективен правен исход! Имам чувство дека се истрчуваат со некоја за мене необјаснива потреба да ги засакаме и да им аплаудираме – но ние не сме суд, а злосторници се изведуваат пред суд и треба да завршат во затвор, пишува професорката Ванковска.

На социјалните мрежи кружат коментари дека специјалната обвинителка денес изгледала очајна наликувајќи како портпарол на обвинителката Ленче Ристовска, а треба да биде поинаку.
Токму заради нејзината инфериорност и правна непоткованост во правната фела наголемо се зборува дека на Јанева и била доделена улогата само да ги најавува прес-конференциите на СЈО, а не и да ги презентира и објаснува истрагите кои ги води ова обвинителство.-Читам коментари во кои се заклучува дека од Ленче треба да се учи како се води прес-конференција… Ама луѓе божји, таа не е ниту новинар нит

Пронајдете не на следниве мрежи: