МО: Ангажманот на АРМ на границата е вонреден

Министерството за одбрана ги оцени како напад кон системот за одбрана и безбедност на Република Македонија обвинувањата на СДСМ за лошите услови во кои работеле припадниците на АРМ на јужната граница.– Во моменти кога на национално, регионално и глобално ниво се соочуваме со сериозни безбедносни предизвици, ваквиот пристап е не само несериозен, туку е и неодговорен, бидејќи тендециозно ги подрива темелите на Република Македонија, се вели во реакцијата од МО.
Оттаму истакнуваат дека ангажманот на АРМ за надминување на безбедносните предизвици со мигрантската криза е вонредна активност.
– Истакнуваме дека Армијата не располага со сопствени капацитети за сместување долж јужната граница и затоа во моментов се користат капацитети со услови кои кореспондираат со пропишаните стандарди за теренско сместување и работа, се вели во реакцијата.
Веднаш по прогласувањето на кризна состојба, МО и АРМ презеле активност за изнаоѓање на сместувачки капацитети.
– Изнајмен беше еден објект, зграда во Гевгелија, кој ги задоволуваше потребите за сместување на АРМ до минатонеделниот упад од над 2.000 мигранти на нашата јужна граница, кога мораше неколкукратно да се зголеми бројот на припадници на Армијата. Заради ова се укажа потреба да се постават и шатори. Напоменуваме дека и покрај предизвиците со кои се соочуваме, Армијата на Република Македонија ги извршува своите задачи на највисоко можно ниво. Тоа само го потврдува огромниот капацитет и посветеност на припадниците на Армијата на Република Македонија, се вели во реакцијата на МО на обвинувањата на СДСМ.
Во неа се додава дека врвен приоритет на Министерството е стандардот на секој припадник на Армијата, а доказ за тоа, како што се посочува, е проектот „АРМ – мој вистински дом“ чија реализација е во полн ек.
– И не застануваме тука. Започнат е сеопфатен процес на модернизација на Армијата на Република Македонија, процес кој се реализира за прв пат по осамостојувањето. Тоа е грижа за Армијата. Само за потсетување, оние кои не критикуваат пред нецел месец НЕ гласаа за модернизација на Армијата. Во време на нивното владеење ја затворија Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Наместо тоа, Министерството, и покрај препреките поставени токму од СДСМ, денеска прави сериозни напори за развој на Воената академија и нејзино етаблирање како најквалитетна воена високо-образовна институција во регионот и пошироко. Тоа е грижа за Армијата, се истакнува во реакцијата.
Од Министерството истакнуваат дека сите поранешни професионални војници на кои им биле истечени договорите согласно Законите, повторно имаат работа. Со тоа, се вели во реакцијата, секој професионален војник во Армијата и неговото семејство имаат сигурна иднина.
– Дефокусирањето на граѓаните од вистинските предизвици и вадењето на вистинските предизвици од контекст, не им служи на припадниците на Армијата на Република Македонија во извршувањето на нивната мисија. За разлика од челниците на оваа политичка партија, сегашното раководство на Министерството за одбрана има идеја, визија и реални реформски зафати за Армијата на Република Македонија и нејзините припадници, се посочива во реакцијата и се додав дека тоа е одговорен институционален пристап кон одржување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија.– Во моменти кога на национално, регионално и глобално ниво се соочуваме со сериозни безбедносни предизвици, ваквиот пристап е не само несери

Пронајдете не на следниве мрежи: