Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во официјална посета на Арапската Република Египет.Иванов во Каиро ќе оствари средба со египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал.
Во рамки на официјалната посета утре Иванов ќе учествува на бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Македонија и јакнење на економската соработка со Арапската Република Египет.
Предвидено е претседателот Иванов да ја посети Александриската библиотека.
Во тек на посетата претседателот ќе биде придружуван од сопругата Маја, а во делегацијата е и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески.
Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Арапската Република Египет.Иванов во Каиро ќе оствари средба со египетскиот претседател, Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал.