Заврши дебатата во Европскиот парламент посветена на Република Македонија

Во Европскиот парламент во Стразбур заврши дебатата посветена на Република Македонија, во која најголемиот број од 37 учесници во неа, се заложија за почеток на преговорите, условени со одржување на фер и демократски избори, јавува допсиникот на МИА од Стразбур.Како и што беше најавено од дел од европратениците и според досегашната практика, секогаш кога во ЕП се дебатира за Македонија, дискусијата беше бурна.
Од една страна грчките европратеници, без разлика од нивната партсика припадност бараа од нвините колеги да се служат со рефенцата „поранешна југословенска република Македонија“, наместо со уставното име на Република Македонија, барања на кои останаа глуви најголемиот број од учесниците во експресната дебата која траеше 1 час и 15 минути.
Па дури и потсетувањето на претседавачот со сеансата, грчкиот европратеик Димитрос Пападимулис, кој се повика на писмото на претседателот на ЕП Мартин Шулц за користење на меѓунардоната рефенца за името, испратено на 19 февруари по барање на грчките европратеници, останаа без плод.
Најголемиот број сепак останаа на употребата на уставното име или пак само накратко – Македонија.
Од своја страна бугарските европратеници критикувајќи го односот кон бугарската заедница во Македонија, тие недвосмислено бараат членство на нашата земја во ЕУ.
Имено во најголемиот број од говорите по резолуцијата на Иво Вајгл, изработена според извештајот на Комисијата за Македонија во 2015 година, се дојде до истата констатација – Македонија мора да излезе од политичката криза, со почитување на договореното од страна на политичките партии со помош на европските посредници.
Потоа, организирање на демократски избори на 5 јуни и продолжување со реформите: на прво место реформата на медиумите, борбата против корупцијата, реформата на правосудството и спроведување докрај на истрагите од страна на специјалниот обвинител. Со повик до политичките партии од Македонија да бидат на нивото на предизвикот кој е пред нив и да го почитуваат и спроведат договореното, што е во интерес на земјата и на народот и граѓаните на Македонија.
Македонија, беше критикувана од грчките европратеници за затворањето на границата за мигрантите „како земја која не ги почитува меѓународните конвенции“. Но по ова прашање поддржана од страна многу други како земја која покажа и покрај политичката криза дека знае да се справува со серизони предизвици и да го почитува Шенген просторот, дури и подобро од земји членки на истиот.
Резолуцијата на Европскиот парламент ќе треба да се гласа утре, покрај предложениот Нацрт текст од Иво Вајгл, за резолуцијата се предложени и 17 компромисни амандмани, со што таа ќе го добие конечниот формат.
Во резолуцијата има условена препорака за преговори која зависи од успешно завршување на политичката криза со успешно организирани избори на 5-ти јуни.
Од своја страна претседавачот со Советот на ЕУ, холандската министерка  Жанин Хенис Плашарет истакна дека Советот на ЕУ се согласува со заклучоците на Комисијата и на предложениот текст на резолуцијата од ЕП, за давање на препорака за почеток на преговорите, но на  тоа Советот на ЕУ ќе се наврати по анализата на парламентарните избор на 5 јуни.Како и што беше најавено од дел од европратениците и според досегашната практика, секогаш кога во ЕП се дебатира за Македонија, дискусијата беше бу

Пронајдете не на следниве мрежи: