„Јаху“ препорачува да се посетат Скопје и Македонија

Бројот на посетители кои сакаат да ги видат атрактивните места во главниот град и државата и да ја вкусат македонската традиционална кујна постојано се зголемува. Во еден од своите текстови за патување и туризам интернет пребарувачот “Јаху” објавува статија во која дава препорака да ги посетите Скопје и Македонија.Во статијата се вели дека Скопје е град којшто се уште е во фаза на градба, но и покрај тоа е прекрасен за посета. Тука може да уживате во убавата архитектура, да ја посетите старата скопска чаршија и да вкусите од убавата кујна.
Од вкусни храна препорачуваат задолжително да пробате пастрмалија којашто може да најдете за само 3 долари, тоа е специјалитет со тесто, вкусно место, јајца и сирење.
Тие посочуваат уште еден интересен факт дека Македонија е единствена земја од поранешна Југославија која својата независност ја добила на мирен пат.
Капиталниот проект „Скопје 2014“ му донесе на градот повеќе туристи кои сакаат да ги видат атрактивните содржини. Сите објекти кои моментално се градат или веќе се изградени во рамките на проектот “Скопје 2014” ја зголемуваат туристичката понуда и привлекуваат илјадници туристи.
Музејот на македонската борба е извонредна можност сите посетители да се запознаат со нашата богата историја.
Овој објект како и Спомен–домот на Мајка Тереза, Музејот на вода во Охрид, Спомен–куќата на Тоше Проески или Музејот на Холокаустот имаат огромен туристички потенцијал и овозможуваат посетителите да се запознаат со културното и цивилизациско богатство на нашата земја, со сите личности и настани кои оставаат видливи траги во нашата историја.
Извор: ВечерВо статијата се вели дека Скопје е град којшто се уште е во фаза на градба, но и покрај тоа е прекрасен за посета. Тука може да уживате во убавата

Пронајдете не на следниве мрежи: