Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски денеска на прес- конференција рече дека СДСМ, под превезот на т.н. борба за човекови права и медиумски слободи, ги крие својата безидејност, немањето визија и проекти.Поради тоа, нагласи Јакимовски, граѓаните не им ја даваат својата доверба и не дозволуваат такви луѓе да ја водат државата.
Изнесувајќи официјални бројки, тој направи споредба на сработеното во неговата и други општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, со сработеното во општините чии градоначалници се членови на СДСМ.
– Сакаме низ бројки и факти да покажеме кој и како се однесува додека е на власт и за што ја бара поддршката на народот. Општина Куманово има објавено 65 тендери од кои само 18 се од инфраструктурата, а останатите за функционирање на локалната власт. Општина Струмица објавила 52 тендера од кои 14 се за инфраструктура, додека Општината Ранковце објавила 20 тендери, од кои едвај два се за инфраструктура. Сите три општини заедно во 2015 година објавиле 137 тендери од кои само 34 се за инфраструктура која е од егзистенционално значење за граѓаните, посочи Јакимовски.
Општина Карпош чиј градоначалник е тој, како што додаде, има објавено 135 тендери или само два помалку од сите претходно спомнати заедно, од кои 84 или 2,5 пати повеќе за инфраструктура.
Според него, Куманово, Струмица и Ранковце решаваат проблеми на 161.000 граѓани, додека општина Карпош на 59.000. – Кај сите овие општини, кои се самостојни, приходите 100 отсто се нивни, додека Општина Карпош како територијална административна единица во состав на Градот Скопје, ги дели во сооднос 60 отсто за Градот, 40 отсто за Карпош, а приходите од даноци ги дели на половина по 50 отсто со Град Скопје, истакна Јакимовски.
Општина Струмица, рече, во 2016 година објавила вкупно пет тендери од кои еден за инфраструктура, а Општина Карпош 84 тендери од кои 74 за инфраструктурата.Поради тоа, нагласи Јакимовски, граѓаните не им ја даваат својата доверба и не дозволуваат такви луѓе да ја водат државата.
Изнесувајќи офи