Ременски остави без работа над 40 лица

Согласно сценариото кое одамна го обелодени Зоран Заев за бркање од чистачка до министер, неговата министерка Фросина Ременски остави без работа 44 лица. Поради нивни тесни партиски интереси, 44 семејства останаа без егзистенција.Со нејзина најнова одлука  44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Tоа се 44 семејства повеќето oд ромска националност кои егзистираа од нивниот ангажман како хигиеничари повеќе од 6 месеци изминатиот период во Прифатниот центар за мигранти.
Ременски го чекала моментот да се започне со исплата на хигиеничарите преку министерството и веднаш потпишала договори со сосема други лица односно  наместо досега ангажираните хигиеничари од сега ангажира заслужни активисти- членови на СДСМ.
Деструктивноста на СДСМ секојдневно продолжува. Таа се придржува до ветувањата дадени од Зоран Заев уште во декември 2010 до партиското членство дека дека доколку сакаат да бидат власт ќе влезат тимски од „хигиеничар“ до „министер“ во секој ресор во државата.
По наредба на Ременски, се избркаа 44 вработени-хигиеничари без никакво образложение во Прифатниот центар за мигранти кај Гевгелија и на нивно место вработува 36 членови на СДСМ  кои ќе ги плаќа министерството за труд и социјална политика.
 Постои голем револт кај Ромите кои се избркани од работа и најавуваат протести во наредниот период и блокирање на Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија при што, како што ни изјавија, ќе направат целосен застој во Прифатниот центар и ќе спречат да се одржува хигиената во центарот како и да влегуваат и излегуваат лица од него.Со нејзина најнова одлука  44 хигиеничари од Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија останаа без работа. Tоа се 44 семејства повеќето

Пронајдете не на следниве мрежи: