Јанкулоска: Спасовски повеќе води политика, отколку што се грижи за неговите законски овластувања

Хаосот, беззаконието и тензиите кои ги видовме изминативе денови во Бутел се директна одговорност на техничкиот министер Оливер Спасовски кој нема минимум капацитет да им гарантира безбедност и сигурност на граѓаните и нивните имоти.Неподелено е мислењето дека ништо од ова немаше да се случи доколку Оливер Спасовски постапуваше согласно овластувањата и доколку и издадеше на полицијата наредба да ја штити правната држава и да спречи насилната толпа да го преземе законот во свои раце, дозволувајќи пред очите на полицијата да се палат дрвја, да се уриваат огради и да се узурпира јавна површина.
Гордана Јанкулоска која девет години беше Министер за внатрешни работи смета дека полицијата успевала да обезбеди владеење на правото и во многу покритични ситуации со далеку поголем ризик. Според Јанкулоска, полицијата има капацитет да се справи и со многу посериозни закани по безбедноста, но за да постапи треба добро изготвен план и јасни наредби од претпоставените, нешто што не беше случај во Бутел.
– Полицијата се соочи со една ситуација каде што такви одлуки не беа донесени на професионален  начин , очигледно беше дека Министерот за внатрешни работи не ги издал наредбите кои беа соодветни за ситуацијата и се случи тоа што се случи. Меѓутоа, тоа потврдува и дека се соочуваме со сериозни предизвици како држава во услови кога Министерот за внатрешни работи многу повеќе води политика, отколку што се грижи за неговите законски овластувања! Сепак без разлика дали се работи за технички министер, МВР е една институција која е исклучително сериозна и на извршувањето на задачите во ова министерство мора да се пристапи со висок степен на сериозност и посветеност.
Голем број граѓани денеска го изразија својот револт за несоодветното реагирање и побараа одговорност од техничкиот министер Спасовски.Неподелено е мислењето дека ништо од ова немаше да се случи доколку Оливер Спасовски постапуваше согласно овластувањата и доколку и издадеше на пол

Пронајдете не на следниве мрежи: