Груевски: Политиката треба да му служи на граѓанинот и таа не подразбира бенефиции и комодитет

Политиката треба да му служи на граѓанинот  и таа не подразбира бенефиции и комодитет ниту пак се состои од поседување на посебен општествен статус а најмалку во ползување на некаков тесен интерес  туку токму спротивното. Она што е добро за државата и за народот треба да е добро и најважно за политичарите. Вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки со кои треба да се направи совршен баланс штитејќи ги државните интереси да не се загрози државата и нејзината иднина, да се запазат интересите на граѓаните и она што тие го бараат, порача во својот говор претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја отвори политичката академија на партијата организирана во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија и Институтот „Павел Шатев“.ВМРО-ДПМНЕ, подвлече Груевски, секогаш успева да го постигне тој баланс затоа што најважни за нас се граѓаните  и интересот на државата.
-Ние покажавме дека можеме и мудро и разумно секогаш за доброто на државата. Тоа граѓаните го препознаваат, тоа граѓаните сигурно го подржуваат рационалното и разумно однесување но и штитењето на националните и државните интереси  кодот на нашето однесување. При тоа важни ни се и демократските вредности а нема поголема демократија од тоа кога народот одлучува кога народот се изјаснува кога неговиот глас се слуша. Неговата волја е несоборлива вредносна оценка за состојбите за потезите и активностите на секој политички чинител. Затоа ние  се стремиме да се земе во предвид што мисли народот и суштински значајно е да се слушне гласот на народот и нема поголема обврска за одговорните политичари од таа да им се овозможи на граѓаните на избори да си го кажат своето мислење.. Народот е тој кој одлучува а за нас какао ВМРО-ДПМНЕ најважно е мислењето на граѓаните, неговата волја и неговиот став, рече тој.
Затоа е важно обезбедувањето на избори. Изборите се гласот на народот кои независно од тоа дали на некој му се допаѓа или не најдобриот но и најгромогласниот одговор на сите случувања во нашата држава.
-А гледам дека со тоа што се против избори, вадејќи разно изговори, правдања сметаат дека ќе го одложат соочувањето со народот. Јас би им порачал дека грешат. Ова е време кога народот одлучува. Да народот одлучува на избори и најважна е неговата оценка за тоа каква држава сакаат. Вие таа порака ќе ја добиете и таа порака ќе биде повеќе од јасна. Оваа држава припаѓа на граѓаните. Одамна помина времето кога народот беше во втор план. Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот во неговата поддршка која ја добиваме и тоа е сила која Македонија ја носи напред, подвлече Груевски.
Некои ја имаат деструкцијата за примарна дејност, нагласи во својот говор, а ние ја имаме нашата програма.
-Своето делување ВМРО-ДПМНЕ го темели врз својата програма која е математички пресметана со прецизни рокови и динамика на спроведување. Ние излегуваме пред народот со програма и внимаваме што ветуваме и ветеното го исполнуваме . нашата програма е нашиот план за тоа каква Македонија сакаме да имаме, нашите цели подразбираат големи чекори и многу напорна работа . тоа всушност га бара нашата држава која влече тешки, но и голем број актуелни проблеми од непромислените политики на нашите политички опоненти. Сите овие години наназад работевме да го сработиме она што не било претходно сработено но и многу повеќе, рече Груевски.
Сите овие години, додаде тој, работевме да ја придвижиме Македонија напред и да ги санираме сите економски, социјални, образовни, здравствени, културни, инфраструктури и сите други рани кои и беа направени од нашите претходници.
-Во многу од нив успеавме да постигнеме големи резултати , но во многу полиња ни претстои уште многу работа во наредниот период. Пред нас е период во кој Македонија треба да излезе од политичката криза во која ја втурнаа СДСМ и полека но сигурно да се врати во помирни води на својот напредок . тоа е целта кон која се стремиме и целта за која понатаму и силно ќе работиме, заклучи Груевски во својот говор.ВМРО-ДПМНЕ, подвлече Груевски, секогаш успева да го постигне тој баланс затоа што најважни за нас се граѓаните  и интересот на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи: