Достигнувања се гаранција дека дадените ветувања ќе бидат исполнети

Економијата е во фокусот на изборната програма на ВМРО ДПМНЕ и оваа година. Во консултација со граѓаните и бизнис зедницата, партијата ги собира најдобрите идеи, се прецизираат рокови за нивно исполнување,  а токму претходните достигнувања се гаранција дека дадените ветувања ќе бидат исполнети, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната средба со бизнисмените.Пред членките на Сојузот на стопански комори, Груевски истакна дека пред секои избори, нивната програма е најсилниот и најзначајниот документ околу кој ја темелат политиката.
– Добиената доверба од граѓаните значи огромна обврска за реализација на ветеното кое мора да се исполни   преку беспоштедна   посветеност и макотрпна работа. Ние го докажавме тоа. Вие сте ни потребни да ни ги кажете вашите проблеми и да дадете сугестии, а ние сме тука со економскиот тим да понудиме решенија, да ги преточиме во програма и да ги реализираме. Новата програма ќе биде изработена според потребите и барањата на граѓаните, на земјоделците, пензионерите, студентите, младите, барањата на бизнис заедницата, затоа што ние како политичари во нив не броиме гласови, туку гледаме партнер со кој заедно создаваме и градиме, нагласи Груевски.
Тој посочи дека нивната програма се темели на два значајни фундамента – да го направат животот на граѓаните подобар и да овозможат развој на економијата.
– Нашата цел е и на изборите пред нас да излеземе со најсеопфатната и најобемна изборна програма, која ќе содржи многу нови мерки, многу нови проекти кои се одговор на она што вие како стопанственици и бизнисмени сте го побарале и она што им е потребно на граѓаните. Огромен број на вашите барања и потреби ќе бидат земени во предвид и тие ќе бидат преточени во решенија од економскиот тим, напишани во нашата програма, рече Груевски, додавајќи дека им е важно мислењето на секој бизнисмен без разлика на неговата политичка, етничка, идеолошка или полова припадност.
Според него, токму ваквиот отворен пристап со бизнис заедницата довел до раст и позитивни резултати во економијата во изминатиот период.
– Нашите претходни достигнувања и дела се гаранција за проектите кои ќе ги реализираме во иднина, рече Груевски.
Осврнувајќи се на постигнатото во изминатиот период додека беше премиер на Владата, Груевски посочи дека просечниот раст на Бруто-домашниот производ достигнал 3,4 проценти во првите три квартали од 2015 година и оти тоа е едно од најдобрите остварувања во Европа.
– Растот на економијата е движен од високите капитални инвестиции кои како економски тим ги реализираме, како и извозот на компаниите кој се остварува од државата. Во 2015 година извозот достигна рекордно ниво од 4 милијарди евра што   е   најдобро   остварување   од   осамостојувањето   на   Република Македонија. Уште позначајно е што постепено се менува структурата на извозот и Македонија се повеќе извезува производи со поголема додадена вредност.   Во   2015 година продолжија   позитивните движења и индустриското производство  забележа   раст   од   4,9 проценти со   значително интензивирање на активностите во втората половина од годината, нагласи Груевски, додавајќи дека и капиталните инвестиции од 2007 до 2015 година достигнале висок раст од 173,8 милијарди евра.
Како најуспешен резултат на Владата го посочи намалувањето на невработеноста која во третиот квартал од минатата година достигна 25,5 проценти што е историски најниско ниво во последните 18 години.Пред членките на Сојузот на стопански комори, Груевски истакна дека пред секои избори, нивната програма е најсилниот и најзначајниот документ

Пронајдете не на следниве мрежи: