четврток, 12 ноември 2026
Најново

Груевски: Започнува реализацијата на нова инвестиција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По кратка пауза, нова инвестиција! Првата домашна компанија Хај Тек Асембли Центар денес го поставува камен-темелникот во Технолошко индустриската развојна зона Скопје1. Со ова започнува реализацијата на проектот со кој ќе се отворат 300 нови работни места, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот ФБ профил.– Инвестицијата од вкупно 20 милиони евра ќе се одвива во две фази, односно, 6 милиони евра ќе бидат инвестирани во првата, а дополнителни 14 милиони евра во втората фаза. Производствениот погон од вкупно 5.400 м2 кој почнува да се гради денес, ќе биде функционален уште во текот на оваа година.Хај-тек е компанија која е добавувач на голем број светски компании од автомобилскиот сектор. Произведува електронски печатени плочи како основа на која се вградуваат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори и транзистори. Производите од компанијата во целост ќе бидат наменети за странските пазари, во најголем дел тие ќе се извезуваат во Германија, Скандинавските земји, Швајцарија и Велика Британија, напиша Груевски.

Одлуката на компанијата е доказ дека поволностите кои се нудат во ТИРЗ за странските компании, поточно компаниите основани со странски капитал во целост важат и за домашните компании, односно постои рамноправност помеѓу странските и домашните инвеститори во однос на инвестирање во ТИРЗ, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.– Инвестицијата од вкупно 20 милиони евра ќе се одвива во две фази, односно, 6 милиони евра ќе бидат инвестирани во првата, а дополнителни 14

Поврзани вести