Со денешната изјава Јанева само потврди дека претходно била во штабот на СДСМ по нарачка на Заев

Како што неодамна најави Зоран Заев и како што вчера беше објавено во медиумите, гневот на Заев по катастрофалниот настап во Сител резултираше со уште покатастрофална прес конференција. Во ретко виден несигурен настап кој не доликува на орган на СЈО, Катица Јанева не успеа ниту точно да го прочита тоа што и беше напишано.Наместо да одговори на прашањата зошто лажела за становите, Катица Јанева избега од новинарските прашања и ги остави своите соработнички да одговораат.
Во својот кус и несигурен настап, Јанева настапи со политички квалификации и го нападна Советот на обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа. Со тоа Катица Јанева покажа класично непочитување на Уставот и законите на РМ, поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја. Катица Јанева најави дека поднеле барање за отворање истрага, а Телма веќе објави и имиња односно дека утринава бил приведен Едмонд Темелко, што е класично кршење на пресумпцијата на невиност, чин кој воопшто не беше осуден од страна на СЈО, пишува Вечер.

Денешната политичка прес конференција на Катица Јанева е само уште еден доказ дека по неуспешниот настап на Зоран Заев во телевизија, тој веднаш ја повикал Катица Јанева во седиштето на СДСМ и и порачал дека дошло времето за целосна пресметка со ВМРО­ДПМНЕ. По што било договорено дека таа треба веднаш да стартува со реализацијата на финалниот дел од заедничкиот план за одложување на изборите, или доколку до тоа не дојде, да се започне со реализација планот за дискредитирање на високи функционери од Владата преку неосновани обвинувања, кои пак ќе бидат во корист на кампањата на СДСМ.
Ова било прифатено од Катица Јанева која иако признала дека нема доволно докази, се согласила дека треба да се делува бргу бидејќи и таа се чуствувала под притисок на медиумите кои во изминатите неколку денови започнаа да известуваа за нејзиниот имот, но и да прашуваат од каде одеднаш Катица Јанева се стекнала со имот во Скопје каде што поседува два стана, а бара и трет – државен стан. – информира извор од Специјалното Јавно обвинителство.
Потсетуваме, против тимот на СЈО и Катица Јанева досега се поднесени 20­тина кривични пријави поради непрофесионално работење, поради малтретирањето и притисоците врз сведоци кои биле уценувани и кои добивале закани за лажно да сведочат, со цел да бидат изготвени монтирани и невистинити изјави со кои треба да се дискредитираат актуелни и бивши функционери на Владата на Р.Македонија.Наместо да одговори на прашањата зошто лажела за становите, Катица Јанева избега од новинарските прашања и ги остави своите соработнички да одговор

Пронајдете не на следниве мрежи: