Анкета на Брима Галуп: Народот нема доверба во Катица Јанева

Порталот Република денеска ги објавува резултатите од вториот дел од теренската анкета која ја спроведе реномираната и угледна агенција за истражување на јавното мислење, Брима Галуп  во периодот од 30 јануари до 4 февруари 2016 година врз репрезентативен примерок од 1006 испитаници на возраст над 18 години.Резултатите се однесуваат на повеќе прашања кои се поврзани со темата предвремени парламентарни избори, пржинскиот договор како и теми поврзани со специјалната обвинителка Катица Јанева.
Резултатите од анкетата покажуваат дека дури 50% од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева, за разлика од 32,4% кои го мислат спротивното.
Огромното мнозинство од 35.4% сметаат дека Катица Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1% сметаат дека е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ. 19.9% сметаат дека таа следи упатсва и е под влијание на амбасадорите на САД и  ЕУ.

Мнозинството граѓани односно 38.9% сметаат дека некоја од политичките партии ќе се обиде да го саботира или избегне постигнатиот договор во Пржино, а на прашањето кој ќе биде тоа, повеќе од половина односно 57.1% сметаат дека договорот ќе биде саботиран од СДСМ, за разлика од дупло помалку односно 25.2% кои сметаат дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од половина од граѓаните односно 42% сметаат дека одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24 април ќе доведат до излез од политичката криза, а двојно помалку односно 19.6% сметаат дека изборите на 24 април ќе доведат до продлабочување на политичката криза. 26.3% сметаат дека тоа нема ништо да промени.
Огромното мнозинство на граѓани односно 60.5% ќе гласаат на изборите закажани за 24 април и доколку СДСМ не учествува на нив, а само 25.9% одговориле дека нема да гласаат во тој случај.
Дваипол пати повеќе од граѓаните односно високи 43.6% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ била поконструктивна во преговорите за исполнување на договорот од Пржино, за разлика од 16.7% кои сметаат дека тоа била СДСМ.
Огромното мнозинство на граѓани односно 40.7% сметаат дека СДСМ е виновна што не се постигна договор за избори помеѓу двете најголеми политички партии, за разлика од 19.5% кои сметаат дека за тоа е виновна ВМРО-ДПМНЕ.
Дури 49.8% од граѓаните сметаат дека ЕУ и Меѓународната заедница ја поддржуваат одлуката за спроведување на предвремените парламентарни избори на 24 април, само 4.8% сметаат дека не ја поддржуваат таквата одлука, а 28.8% сметаат дека немаат  ЕУ и Меѓународната заедница усогласен став по однос на ова прашање, односно имаат различни мислења.

Инаку со оглед на фактот што на сите досегашни избори, етничките Албанци во Република Македонија речиси стопроцентно гласаа за политичките партии во албанскиот политички кампус, ги објавуваме резултатите од анкетата кои се однесуваат на мислењето на Македонците. Истовремено, поаѓајќи од фактот што македонските гласачи на избори, во најголем процент својата поддршка ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето генерално е насочено со прашања кои се однесуваат за овие две политички партии.Резултатите се однесуваат на повеќе прашања кои се поврзани со темата предвремени парламентарни избори, пржинскиот договор како и теми поврзани со

Пронајдете не на следниве мрежи: