Нелоски: Ќе има уште проекти за младите

Во изминативе два месеци како ВМРО-ДПМНЕ најавивме 20 нови проекти од кои директен бенефит ќе имаат различни категории на млади луѓе, истакна претседателот на Унијата на млади сили Владимир Нелоски, на трибината – дел од кампањата „На Македонија ѝ треба твојата идеја”, која вечерва се одржа во Неготино.За најголемиот проект „Купи куќа за млади“, Нелоски најави дека на 27 овој месец ќе биде организирана трибина на која дополнително ќе се информираат младите лица до 35 години околу овој проект.
Помеѓу позначајните ги наброја проектите- „Инвестирај во својата иднина“, „150 игралишата за баскет“, „Вработување на 100-те најдобри студенти“, „Средношколска среда“, „Млади амбасадори“…
-Нема да застанеме тука, до април месец ќе има уште нови проекти за младите луѓе, се со цел да се подобри животот на секој млад човек во Македонија, без разлика дали е од Неготино, Росоман, Битола, Скопје…
Нелоски ги повика сите млади луѓе да ја посетат страната makedonijazamladite.mk каде што има конкретни податоци за проектите кои се однесуваат токму на нив.
-Тука ќе ги видите проектите кои ќе бидат основата на огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во април, бидејќи младите ќе бидат оние кои што ќе ја понесат и донесат нашата огромна победа, додаде Нелоски.За најголемиот проект „Купи куќа за млади“, Нелоски најави дека на 27 овој месец ќе биде организирана трибина на која дополнително ќе с

Пронајдете не на следниве мрежи: