Како Јанева одеднаш се збогати

 Во деталниот преглед објавен на официјалниот сајт на Државната комисија за спречување на корупцијата, наведени се промените во нејзината имотна состојба. Минатата година, очигледно откако стапи на функција, бидејќи податоците ги немаше во анкетниот лист кој беше објавен веднаш по нејзиното стапување на функција, купила два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Купила и автомобил голф 4, исто така имот на деца, кој официјално стои дека го купила во 2014, но нејасно е зошто тогаш тој автомобил го нема во првиот анкетен лист кој беше објавен непосредно по нејзиното стапување на функција Најнов детален преглед од ДКСК за имотната состојба на Јанева Катица Јанева, која со договорот на четирите политички партии во септември беше избрана за специјален јавен обвинител задолжен за истражување на случаите „Пуч” и „Прислушување”, претходно била јавен обвинител во Гевгелија. На новата функција е шест месеци и за половина година купила два стана во Скопје за нејзините деца и еден автомобил.

Во деталниот преглед објавен на официјалниот сајт на Државната комисија за спречување на корупцијата, наведени се промените во нејзината имотна состојба. Минатата година, очигледно откако стапи на функција, бидејќи податоците ги немаше во анкетниот лист кој беше објавен веднаш по нејзиното стапување на функција, купила два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Купила и автомобил голф 4, исто така имот на деца, кој официјално стои дека го купила во 2014, но нејасно е зошто тогаш тој автомобил го нема во првиот анкетен лист кој беше објавен непосредно по нејзиното стапување на функција.
Во деталниот преглед на нејзиниот имотен лист е наведено дека поседува моторно возило Ровер 45, а како имот на нејзиниот покоен сопруг стои моторно возило хингај, кое исто така го нема во првичниот анкетен лист. Претходно, Катица имала рено 5 кампус. Во претходниот анкетен лист стоеја две куќи на име на нејзините родители ­ едната од 130 м/2 во Гевгелија, вредна 100.000 евра и другата во Смоквица, вредна 5.000 евра. Во најновиот анкетен лист пак на нејзино име стои куќа од 374 м/2 вредна 100.000 евра, која, како што е наведено, ја стекнала со наследство.
Откако стана специјален јавен обвинител, Катица си зела две кредитни картички: мастер голд со лимит од 2.500 евра, и американ експрес од Алфа банка со лимит од 3000 евра. Во 2014 подигнала два кредити ­ едниот од речиси 60.000 евра, другиот од 27.000 евра, кои исто така од непознати причини ги нема во претходниот детален преглед, кој беше објавен минатата година во септември кога Катица беше избрана на функцијата специјален јавен обвинител, пишува Вечер
Минатата година, таа и нејзиниот сопруг зеле уште два кредити, едниот 30.000 евра, другиот во висина од 10.000 евра. Во најновиот анкетен лист објавен на официјалниот сајт на ДКСК, пишува дека Јанева има кредит од 660.000 денари земен во 2015 година со рок на отплата од 10 години, на име на нејзиниот брачен другар, кој инаку починал пред повеќе од две години. На нејзино име пријавила плац од 263 квадратни метри во Конско вреден 1.000 евра и наследила земјоделско земјиште од 20.000 евра.

Детален преглед од ДКСК кога Јанева стапи на функцијата СЈО Нејзиното именување на функцијата специјален јавен обвинител беше директен предлог на олеснувачите во преговорите. Од медиумски експонираните предмети Јанева работела на случајот на Спаска Митрова ­ Савиќ за право на старателство на својата ќерка во која беа вклучени и бугарската амбасада и организацијата „Радко”, па случајот доби и политички димензии. Во тој случај таа била обвинител со колешката Василка Садикова ­ Ковачева.
  Како се збогати Катица Јанева?!
 Потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. За заменик­обвинител во Гевгелија е избрана 2003 година, а минатата година е реизбрана на функцијата Обвинител во гевгелиското обвинителство. Таа е ќерка на гевгелискиот судија Делеџаков.
На 27 минатиот месец Собранието на Република Македонија со 64 гласа “за” и 1 воздржан ја усвои Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, со која се обезбедуваат средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за 2016 година. Се предлага реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Република Македонија за 2016 година, во износ од 253.682.112 денари кои се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Специјалното јавно обвинителство. Финансиските средства за СЈО ќе бидат наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.
Пратениците од партиите на власт побараа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до Собранието да достави детална информација за што ќе бидат потрошени бараните средства во висина од околу 4 милиони евра и за што ќе бидат потрошени околу еден милиони денари за договорни услуги. Тие не се задоволни од работата на Јанева, истакнувајќи притоа дека, како што посочија, таа не направила записник за предадените материјали од прислушуваните разговори, го одложила случајот “Пуч” со образложение дека не се подготвени, и оти се ослободени од притвор главните осомничени за случајот
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, со скандалозните одлуки кои ги носи и со наводите за како што се вели во кривичните пријави “малтретирање при вршење на служба” само ги потврдува информациите кои кружеа во медиумите дека е партиски послушник на СДСМ. Лидерот на СДСМ и самиот потврди дека со Катица Јанева имаат заеднички план за дејствување. Во Капиштец пред два дена тој ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Катица Јанева треба да ги спроведе за Заев. Кои се нејзините следни чекори, никој не би можело да знае, освен оној кој со неа има тесна соработка. ­Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев.
Со скандалозната одлука да не побара продолжување на притворот на Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот “Пуч”, само ги потврди сомнежите дека е послушник на СДСМ. Заев во медиумите најавува дека наскоро мора да има нешто од СЈО и дека тоа ќе влијае на изборите. Прво, обвинителството кое е во рацете на Катица Јанева треба да го интересира правдата, а не изборите. Второ, но исто така многу важно, е прашањето зошто некој, во случајов Заев, би се потпирал на постапки на обвинителка, а не на своја партиска програма? Специјалната јавна обвинителка не излезе со реакција на ваквите изјави кои ги даде опозицискиот лидер за нејзините активности. Со ваквото нејзино однесување останува отворено прашањето ­ Дали Јанева работи по закон или по политичка наредба? Во исто време, писмото на специјалната јавна обвинителка до Советот на обвинители е со измислена содржина. Избрканите јавни обвинителки не дале исказ каков што Јанева тврди во писмото, изјави неодамна претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски. Тој додаде дека односот е непристоен и неетички и на наредната седница членовите од Советот бараат да видат колкав е обемот на работа и тогаш е можно да донесат одлука за намалување на обвинителството на Јанева од 12 на 10 обвинители, како и да решат за судбината на обвинителките каде ќе работат.
Ваквите настани уште повеќе ја зацрнуваат темната дамка во работата на Катица Јанева, а останува отворено прашањето колкав кредибилитет може да има сега таа како специјална јавна обвинителка. Молкот на Катица Јанева во јавноста носи и нова дилема. Дали Заев воопшто поседува 600.000 прислушувани разговори или бројката на почетокот на минатата година ја постави само да може да ја манипулира јавноста дека толкав обем на прислушувани разговори може да приберат само државните тајни служби.
Во прилог на ова зборува и изјавата на Заев дадена по предавањето на картонските кутии каде на новинарско прашање избегна да каже колкав број на разговори и предал на Јанева. Експертите уште веднаш по назначувањето предупредија дека од Катица Јанева не треба да се очекува објективност бидејќи како што тогаш најавија, нејзината улога ќе биде само да ги заштити вистинските нарачатели и спроведувачи на прислушувањето на највисоките државни органи во Македонија и да одработи во корист на кампањата на СДСМ пред пролетните избори. За својот ангажман Јанева немаше проблем да наплати над 4 милиони евра годишно народни пари.
Кутии со ветер и магла/ лаги на метар кубен
­ Нема да ви кажеме како сме ги примиле материјалите!­ Ова е првата реченица од Специјалното јавно обвинителство на нашето барање да ни кажат дали има записник и истиот да ни го достават на увид за прием на прислушуваните разговори кои Зоран Заев на 30 декември во 6 кутии ги достави во просториите на СЈО. Ако имаа записник, ќе се повикаа на член 76 и 77 од ЗКП, кој прецизно наведува што и како треба да се направи при прием на материјали кои се дел од истрага или кривична постапка. Ова значи само едно: дека во кутиите може да има било што. Зоран Заев и онака одбегна да одговори дали ги предава сите 600.000 разговори за кои бараше метар кубен простор, а донесе само 6 кутии, односно само 10% од она што тврдеше дека го поседува. И што ќе се прави со материјалите кои ги доставувал по разни луѓе за уцени и рекет?! Специјалното јавно обвинителство нема записник што и како примило од Зоран Заев и СДСМ на 30 декември 2015 година! Специјалното обвинителство примило кутии, ама нема записник што има во тие кутии, што содржат, кој ги донел, во колку часот и на кој начин ги донел. Ова скандалозно сознание на МЕДИА ГРУП МАКЕДОНИЈА го потврдија и од Специјалното обвинителство, од каде побаравме да ни се достави записникот за прием на прислушуваните разговори.
Нови 12 кривични за тимот на Катица Јанева
Нови 12 кривични пријави се поднесени против тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Пријавите се доставени до Скопското јавното обвинителство против вработени во СЈО. Поднесени се од повеќе физички лица за сторено кривично дело ­ малтретирање при вршење на служба. Со овие пријави, бројот на пријави поднесени против лица од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева изнесува 19. Во своите изјави за медиумите Јанева не отстапуваше од ставот во текот на постапките нејзините обвинители постапуваат согласно законските процедури, а подносителите на пријавите ќе треба да ги докажат своите тврдења. Најнов детален преглед од ДКСК за имотната состојба на Јанева Катица Јанева, која со договорот на четирите политички партии во септември беше

Пронајдете не на следниве мрежи: