Мисајловски распали по кумановскиот градоначалник бидејќи ги кочи проектите за граѓаните

Средства од над еден милион евра наменети за изградба на водоводна и канализациона мрежа во општина Куманово седат неискористени во Министерството за транспорт и врски. Министерот Владо Мисајловски повторно апелира до кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски општината да аплицира за средствата и да не ги кочи проектите за граѓаните.При посетата на Груевски и Мисајловски на кумановскиот крај во септември минатата година и на населените места Романовце и Пчиња, жителите се пожалија за немање на водовод и канализација и за недостаток на волја кај градоначалникот Дамјановски да им помогне во решавањето на овој нивен најголем проблем.
Граданочалникот Дамјановски се што требаше да направи е да аплицира со проект до министерството, по што ќе му бидат одобрени овие средства. Министерот Мисајловски вели дека иако со општината Куманово се договориле да достават проект за овие две населени места за да може министерството отпочне да ги реализира проектите, сепак до сега тоа не го сториле.
-Сакам да апелирам до општина куманово да не ги кочи проектите за граѓаните, да се придружуваат на договорот што го имавме кај нас во министерството. Тие на располагање имаат уште околу 1,5 милиони евра и доколку не сакаат да ги користат ќе бидеме приморани евентуално со одлука на влада да им ги одземеме, вели Мисајловски.
За канализацијата во Романовце во Министерството за транспорт и врски има резервирано финансиски средства и ако градоначалникот направи проект Владата ќе даде финансии во висина од еден милион евра. По речиси половина година и покрај инстистирањето и неколкуте повици од страна на министерот Мисајловски до градоначалникот Дамјановски да поднесат документација и да се запази процедурата за да се одобрат средства за градба на овој стратешки проекти за жителите на Романовце, Дамјановски воопшто не се одзива и не се труди да го реши овој проблем . Дамјановски со ова казнува над 3,5 илјади жители на кој ќе им се реши овој проблемот за вода за пиење и фекална канализација.
Ист е случајот и со селото Пчиња каде жителите се пожалија дека Дамјановски не го прави водоводот. Груевски и Мисајловски при посетата истакнаа дека се што Градоначалникот треба да направи е да поднесе проектна документација за проекти кои што ќе бидат стопроцентно финансирани од владата. Речиси половина година потоа нема никакво помрднување. Општината Куманово нема поднесено проекти за изградба на водовод.
Со ваквото однесување Зоран Дамјановски и неговата матична СДСМ освен тоа што ги казнуваат над 3.5 илјади граѓани тие директно работат против нивните интереси и покажуваат арогантен однос спрема граѓаните што не му носи добро никому.
Постапка за апликација
На Совет на општината треба да се донесе Одлука за приоритетен проект која ја доставува до Министерството за транспорт и врски. Истовремено, општината  доставува комлетна проектна документација и одобрение за градење кои се разгледуваат од страна на консултантскиот тим.
Со проектната документација се пополнува и Проектен прашалник кој се доставува до Европска инвестициона банка (ЕИБ) на одобрување.
По одобрување на проектниот прашалник, се подготвува документација за тендер, која се доставува до одделението за јавни набавки за објава, по што се склучуваат договори за изведба и надзор и отпочнува физичка реализација на проектот.
Владата континуирано инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура
Владата преку Министерството за транспорт и врски континуирано инвестира во подобрување на комуналната инфраструктура во сите 84 општини во Република Македонија преку изградба на водоводи и канализации.
-Со заем од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра и со средства од Буџетот на РМ во висина од 9 милиони евра започнавме еден инвестициски циклус за подобрување на квалитетот на живеење во општините во Република Македонија, токму преку изградба или реконструкција на водоводните или канализационите системи, вели Мисајловски.
До сега завршени се 42 проекти во 37 општини од областа на комуналната инфраструктура (водовод и канализација) во висина од 12.4 милиони евра: 23 проекти за водовод во 20 општини во износ од: 6.3 милиони евра и 19 проекти за канализации во 17 општини во износ од 6 милиони евра.
Во фаза на реализација се 23 проекти во 20 општини во износ од 7.2 милиони евра и тоа: 7 проекти за водовод во 7 општини во износ од: 1.7 милиони евра и 6 проекти за канализации во 14 општини во износ од: 5.4 милиони евра .
Во тек е постапка за јавна набавка за проекти во 8 општини во износ од 3.7 милиони евра.При посетата на Груевски и Мисајловски на кумановскиот крај во септември минатата година и на населените места Романовце и Пчиња, жителите се пожал

Пронајдете не на следниве мрежи: