Драма во бутик во Скопје, им се заканувал со ножици!Вчера во 20,30 часот во полициската станица Центар, 28- годишната А.Л. од Скопје, пријавила дека вчера околу 15,30 часот во Скопје на улица „Владимир Полежановски“, поточно во бутик, откако заедно со нејзината сестра отишле во бутикот со намера да разговараат со 46- годишниот Б.Ѓ. од Скопје, во врска со прекината љубовна врска со нејзината сестра, истата откако му кажала дека ќе ја извести неговата фамилија за љубовната врска, Б.Ѓ. станал агресивен и од фиока од бирото земал ножици и се нафрлил кон пријавителката.
Во истиот момент помеѓу нив застанала сестрата и го оттурнала Б.Ѓ. кон тоалетот, додека А.Л. излегла од бутикот и го пријавила случајот во полиција.
Додека истата била надвор пред бутикот Б.Ѓ. излегол по неа и почнал да и се заканува по животот.
Вчера во 20,30 часот во полициската станица Центар, 28- годишната А.Л. од Скопје, пријавила дека вчера околу 15,30 часот во Скопје на улица „