Костадиновски: Во Карбинци само пет земјоделци ги исполнуваат условите за закуп на земјиште

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денеска на прес-конференција ги негираше обвинувањата на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски дека земјоделците од Карбинци не можат да го добијат земјиште во закуп, кое им било дадено на плодоуживање.Костадиновски појасни дека во 2006 година на крајот на мандатот на СДСМ во Карбинци биле склучени 30 договори за плодоуживање без никакво почитување на правилата и правилниците од Агенцијата за катастар на недвижности и на утврдувањето на сопственоста земјиштето од тој регион.
– Во тоа време во општина Карбинци склучени се 30 договори за плодоуживање од коишто по истекот на договорот за плодоуживање само 15 од нив поднеле барање за трансформација на договорите. На барање до актуелната Влада и Министерството во 2008 година е донесен правилник за трансофрмација на договорите за плодоуживање. За истите лица коишто ќе ги исполнуваат условите утврдени во правилникот да можат да склучат договор за трансформација на договорите за плодоуживање согласно нивните програми и планови. Таа можност ја побарале 15 лица, но само пет лица од нив ги исполнувале условите и можеле да склучат договор за закуп, бидејќи останатите биле доведени во заблуда односно склучиле договори за закуп коишто не кореспондираат со фактичките и реалните катастарски индикации, истакна Костадиновски.
Тој го праша Николовски како може да се доделат 400 договори за 100 илјади хектари државно земјоделско земјиште додека тие биле на власт, а од 2006 година до денес да е доделат 9.000 договори за 60 илјади хектари земјоделско земјиште.
На прашање до каде е реализацијата на новата програма за рурален развој, Костадиновски рече дека е почната нејзината реализација и дека програмата беше најавена од страна на Владата на 5 јануари оваа година.
– Веќе е објавен јавен оглас за доставување на барања за набавка на механизација како што се трактори и приклучна земјоделска механизација. Ги повикувам сите заинтересирани сега да ја подготват апликацијата и се што им треба како техничка помош да се обратат во Министерството, во Платежната агенција или преку тимовите што ги поставивме во пет региони за 400 населени места во Македонија, истакна Костадиновски.
Информира дека огласот трае до 20 февруари 2016 година, и дека се очекува голем број на апликации бидејќи, како што рече, во минатиот оглас имало 1.600 апликации, а одобрени се 4,5 милиони евра. – За оние коишто немаше средства предвидени се во оваа програма, додаде Костадиновски.
Појасни дека за оваа програма определена е сума од 20 милиони денари, но, како што рече, според проценката од интересот за другите мерки кои се најавени и онаму каде што има поголема заинтересираност може да се направи пренамена на средствата од една мерка на друга мерка со цел да се задоволат барањата на земјоделците.
– Ќе има мерки во делот на инвестиции и поддршка за набавка на овошни насади, за набавка на добиток и друго. Една од најмасовните мерки е мерката за инвестицијата во земјоделска механизација каде што максималниот износ на финансиска поддршка може да биде околу 57 илјади евра по корисник. Во изминатиот период се покажа дека најголемиот дел на инвестиции се околу 10 илјади евра во земјоделска механизација и дека вкупниот број на поднесени апликации ќе зависи од средствата коишто ќе бидат обезбедени и бодувањата направени на понудите коишто се поднесени согласно правилникот за доделување на помош од програмата за рурален развој, рече Костадиновски.
Информираше дека дека од 2009 година до сега се доделени околу 10.000 парчиња на земјоделска механизација во износ од неколку милиони евра коишто се обезбедени за субвенционирање на модернизацијата на земјоделското стопанство.Костадиновски појасни дека во 2006 година на крајот на мандатот на СДСМ во Карбинци биле склучени 30 договори за плодоуживање без никакво почитувањ

Пронајдете не на следниве мрежи: