Претставниците на дипломатскиот кор го посетија Националниот парк „Пелистер“

Претставниците на дипломатскиот кор во Република Македонија заедно со својот домаќин, претседателот Ѓорге Иванов, денеска го посетија Националниот парк „Пелистер“.За време на престојот на планината Баба, амбасадорите го посетија инфо-центарот на НУ Национален парк „Пелистер“, пешачеа до ски-центарот „Копанки“ и беа почестени со планински чај во хотелот „Молика“.
– Оваа средба е прекрасна бидејќи има многу повеќе амбасадори отколку на вообичаените средби во Скопје. Паркот е прекрасен и ги потврдува своите можности за развој на различни спортови и посебно планинарењето кое е се попопуларно во Европа. Сакам да потсетам дека токму тука на оваа планина пред 100 години, во јануари 1916 година, се водеа војни, и ова е момент да се одбележи годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор и да се порача дека не треба да има поделби и, напротив, заеднички да гледаме во иднината и Македонија да биде дел од Европа, посочи француската амбасадорка Лоранс Оер.
За убавините на Пелистер говореше и амариканскиот амбасадор Џес Бејли кој рече дека повеќепати доаѓал во Националниот парк „Пелистер“.

– Пелистер е голем ресурс. Минатата година се одморав на Пелистер и пак сум тука. Американскиот народ има голема традиција за планинарењето и затоа ќе иницирам пешачење на една поголема планинарска тура која ќе биде од оваа, до другата страна на планината, односно до Преспа, изјави амбасадорот Бејли.
За дипломатскиот кор во Република Македонија, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески и претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски приредија куса презентација за економскиот потенцијал и инвестициски можности што ги нуди овој град.
– Очекувам наскоро да почне изградба на фабриките во индустриската зона „Жабени“, односно две турски и три италијански компании. Амбасадорите ги информирав дека во 2016 година очекуваме и други инвестиции за што како општина нудиме целосна поддршка. Довербата е изградена и почнуваме процес за позитивното живеење на граѓаните отворајќи нови работни места. Мислам дека успешно ја искористивме приликата да ги презентираме нашите потенцијали и можности на градот пред највисоките претставници на разни држави, односно дипломатскиот кор во Република Македонија, нагласи Талески.
Битола по вторпат беше домаќин на традиционалниот прием што претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го приредува за дипломатскиот кор.За време на престојот на планината Баба, амбасадорите го посетија инфо-центарот на НУ Национален парк „Пелистер“, пешачеа до ски-центар

Пронајдете не на следниве мрежи: