Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски бара земјава да биде конечно извадена од политичката криза.Тој испраќа јасна порака- ако изборите не се одржат на 24-ти април годинава, следните парламентарни избори да бидат редовни, односно во април 2018-та година.
Јакимовски се обрати до премиерот Никола Груевски и до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Имате мнозинство во Парламентот и донесете одлука со која што ќе излеземе од оваа шизофрена ситуација. Или избори на 24-ти април или одлагање на изборите како што бара Зоран Заев, но за април, 2018-та година. Тоа значи поништување на договорот од Пржино, а министерчињата од СДСМ да се вратат онаму од каде што дошле. Владата на Република Македонија да продолжи да работи со полн капацитет во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Јакимовски.Тој испраќа јасна порака- ако изборите не се одржат на 24-ти април годинава, следните парламентарни избори да бидат редовни, односно во април 2018-