Груевски: Зоран Заев знае дека само во криза е актуелен

– Сите дојдовме со намера да има преговори, а само еден човек дојде со намера да ги одложи изборите. Трите политички партии се договоривме за датумот на изборите, а само Зоран Заев се противи на нивното одржување на 24 април, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски по маратонските разговори во Пржино.Груевски посочи дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев има лични причини кои само тој ги знае да ја оддржи кризата во Македонија и да ги одложи изборите.
– Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен – истакна Груевски по вчерашните преговори.
Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.

– Дека се можни избори на 24 април потврди и комесарот Хан и Европската унија и ОБСЕ и ОДИХР. За понатамошните чекори дополнително ќе информираме откако ќе направиме консултација – рече Груевски.
На прашањето дали неговата оставка уште важи, рече таа е депонирана и ќе се активира на сто дена пред избори.
Според него, преседателот на ДИК го известил еврокомесарот Јоханес Хан дека не постојат пречки за да се одржат избори на 24 април.
Груевски посочи дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев има лични причини кои само тој ги знае да ја оддржи кризата во Македонија и да ги одложи изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи: