Кој ќе биде технички премиер до изборите на 24 април?

Согласно Договорот од Пржино, се очекува оставката на Премиерот Никола Груевски да биде депонирана во текот на утрешниот ден, а како нов технички премиер кој ќе треба да ја води Владата на Р.Македонија до денот на изборите на 24 април најверојатно ќе биде досегашниот министер за здравство Никола Тодоров.Никола Тодоров е министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година до денес, со многу успешно реализирани проекти зад себе во областа на здравството и образованието.
Покрај тоа, Тодоров беше носител на најголемите реформи во овие два ресори во Македонија, кои не ретко беа дочекувани на критика, но како и со секоја голема и важна реформа така и оние кои ги спроведуваше Тодоров, кои се покажуваат како клучни и добри за граѓаните.
Засега, изборот на Тодоров за технички премиер е на ниво на непотврдена информација.
Никола Тодоров е министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година до денес, со многу успешно реализирани проекти зад себе во областа на здравството

Пронајдете не на следниве мрежи: