Два милиона евра до 2017. година за јакнење на задругарството

Два милиона евра до 2017. година има Македонија од ИПА 2 програмата за јакнење на задругарството. Како ќе се реализираат овие пари, ќе се знае идниот месец, кога во земјава пристигнуваат веќе ангажираните италијански консултанти.Тие, како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, ќе ја скенираат состојбата и ќе сугерираат конкретни мерки.
– Клучен предизвик за македонското земјоделство останува, како земјоделецот да произведе повеќе, поквалитетно и тоа да го продаде. Тука цениме дека најбрзи, најдобри резултати може да се постигнат преку здружувањето во задруги, нагласува Цветков.
Според него, во овој сегмент, работите веќе се менуваат, се придвижуваат, иако, се уште, некои од постарите земјоделци мислат дека со зачленувањето во задруга, дел од земјиштето ќе им се одземе, што не е точно.
– Полека, овие генерации одат во пензија. Доаѓаат други, нови, кои го прифаќаат задругарството. Мора да се потпреме на нив. И генерално, земјоделството треба да го „движат“ токму тие, младите земјоделци. Како секаде во светот, така и нашите млади земјоделци треба да се организираат во задруги. Моделот се покажа успешен и функционира во западниот свет па не би сакале, ниту има потреба да измислуваме нешто ново, истакнува Цветков.
Домашните оценки, додава министерот, се дека проектираните два милиона од ИПА 2 е најдобро да се вложат во изградба на нови објекти, откупни центри, ладилници, набавка на механизација итн.
За задругите во Македонија има многу поволности и од буџетските средства: 90 отсто се субвенционира набавката на механизација, 30 отсто се поголеми субвенциите, а се плаќа и менаџерот на задругата, но и ова, смета Цветков, не е доволно. Затоа, од ИПА 2, по 2017 година Македонија ќе добие дополнителни 1,5 милиони, а ќе може да ги искористо до 2019-та.Тие, како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, ќе ја скенираат состојбата и ќе сугерираат конкретни

Пронајдете не на следниве мрежи: