Најнов скандал: Оливер Спасовски им се одмаздува на професионалците во МВР

Без никакво образложение и без правна поука, надвор од законот, технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски потпишал решенија со кои се разрешуваат првите луѓе на скопската, кумановската, битолската, велешката и охридската полиција.Иако станува збор за исклучителни професионалци кои целиот свој живот и кариера ги минале во Министерството за внатрешни работи и при тоа покажале извонредни резултати, Спасовски кој прв пат влезе во МВР пред две месеци, без никаква постапка, одлучил да ги смени Ивица Вучевски- Началник на СВР Скопје, Методија Атанасовски- Началник на СВР Битола, Моме Јакимовски- Началник на СВР Куманово, Петре Игнов- началник на СВР Велес и Оливер Ефтимов – Началник на СВР Охрид.
Во незаконските решенија за смена, техничкиот министер Спасовски не се повикал ниту на Законот за внатрешни работи, ниту на Законот за полиција. Било наведено само дека решенијата биле изготвени согласно Законот за Влада и Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Носењето на вакви одлуки на ден пред Нова година, според луѓето кои цела кариера ја поминале во полицијата е одмазднички чин кој треба да биде прикриен пред празниците. Тие го толкуваат како директен партиски упад и удар врз професионалните структури во полицијата.
Ваквиот акт на Спасовски покажува дека и тој како и неговиот политички ментор Зоран Заев едно лажат во јавноста, а друго прават во реалноста.
Делата на Спасовски очигледно се спротивни на она што тој самиот во јавноста го изјави. На 7-ми ноември во Гостивар Спасовски изјави дека нема да разрешува.
-Нема да влезам во МВР или нашите министри во сите други министерства да разрешуваме и да креираме политики. Ние сакаме да бидеме контролор на оваа власт, истакна Спасовски.Иако станува збор за исклучителни професионалци кои целиот свој живот и кариера ги минале во Министерството за внатрешни работи и при тоа покажале

Пронајдете не на следниве мрежи: