Заради настанатата состојба не постои можност да се извршуваат тековните активности. Бараме од организаторот веднаш да и дозволи на администрацијата да ги извршува своите редовни обврски, а сите прашања да ги решава во институциите на системот, се вели во соопштението испратено до медиумите од Декани на факултети и директори на научни институти на УКИМ.Интегрален текст од соопштението:
Денес на 14.12.2015 година, ние декани на факултети и директори на научни институти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои остваруваме секојдневна комуникација и користиме услуги од Ректоратот, известени сме дека од страна на група студенти, администрацијата во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е спречена да влезе во работните простории и да ги извршува редовните работни обврски, а воедно сме известени дека тоа ќе продолжи и во наредните денови.
Ве известуваме дека заради настанатата состојба не постои можност да се извршуваат тековните активности и тоа: издавање дипломи, мобилности на студентите кои се во тек, избори во звања, студиски програми, промоции на дипломирани студенти, промоции на доктори на науки, промоции во почесни звања, работа со странски студенти, усвојување на систематизации, меѓународни проекти, изготвување на документи за странските донации на факултетите, европските проекти, исплата на студентските стипендии, исплата на плати за вработените и др. активности кои се поврзани со рокови.
Истовремено бараме од организаторот веднаш да и дозволи на администрацијата да ги извршува своите редовни обврски, а сите прашања да ги решава во институциите на системот, во спротивно одговорноста за горенаведеното и оневозможувањето на остварувањата на функциите на факултетите и институтите што ќе доведе до сериозни последици, како и штетите што ќе настанат спрема трети лица, ќе ја сносат лично членовите на организаторот, кои јавно се декларираа за организатори на блокадата.Интегрален текст од соопштението:
Денес на 14.12.2015 година, ние декани на факултети и директори на научни институти на У