Старт на проект чија цел е намалување на емисиите на CO2 од автомобилите во Македонија

Во Скопје денеска ќе биде одбележан почеток на проектот чија цел е намалување на емисиите на CO2 од автомобилите во Македонија, пишува МИА.Проектот е насловен „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво: регионално спроведување на глобалната иницијатива за економија на горивото“, и треба да придонесе кон намалување на емисиите на СО2 од страна на транспортниот сектор (лесните возила) во Македонија, преку изработка на политики за економија на горивото.
На настанот е најавено обраќање на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири.
Проектот се спроведува од УНЕП –ГЕФ во соработка со Регионалниот центар за животна средина – Канцеларија во Македонија, а главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање кое заедно со рафинерија ОКТА го обезбеди националното кофинансирање на проектот.Проектот е насловен „Стабилизирање на емисиите на стакленички гасови од патниот сообраќај преку двојно намалување на потрошувачката на гориво

Пронајдете не на следниве мрежи: