Во третото тримесечје од годинава во Македонија се евидентирани вкупно 7.155 слободни работни места од кои најмногу или 2.269 се во секторот на преработувачката индустрија по што следуваат трговијата на големо и трговијата на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли со 1.328 и транспорт и градежништвото со 725 слободни работни места.Најмногу од слободните работни места 1.876 се во деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49, по што следат субјектите од 3 до 9 вработени каде има 1.874 слободни работни места, во компаниите со над 250 вработени слободни се 1.793, а во оние меѓу 50 и 249 вработени има 1.612 работни места, соопшти Државниот завод за статистика.
Од слободните работни места најмногу или 3.271 се во Скопскиот регион по кој следат Пелагонискиот со 1.102 и Вардарскиот со 869 слободни работни места.
Најмногу се бараат работници во услужни дејности и продажба 2.000, а најмалку само 35 во секторот – членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори.
Најмногу од слободните работни места 1.876 се во деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49, по што следат субјектите од 3 до 9