Опозицискиот лидер Зоран Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата социјалците и земјоделците. Откако македонскиот народ го прочита антидржавното однесување на првиот човек на СДСМ и е јасно дека не му дава поддршка, Заев сега сака да го казни сопствениот народ преку разни деструкции.„Ако јас пропаѓам, нека пропаднат сите затоа што не ме поддржуваат“. Со овие зборови се чини дека многу јасно може да се опише последното делување на опозицискиот лидер, кој не бира средства во својата деструктивна политика која е на штета најмногу на граѓаните. Со влегувањето на СДСМ во Владата, после девет години за првпат стана неизвесна исплатата на пензиите.
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов стави вето на редовната аукција на државни записи предвидена со Буџетот за 2015 година, по што Министерството за финансии излезе со соопштение дека со ветото ќе се попречи редовната исплата на пензиите.
Со реакција излегоа од Сојузот на здруженија на пензионери. Претседателот на Здружението Драги Аргировски истакна дека девет години немало доцнење на пензиите и дека од 2006 наваму пензиите се исплаќале првата недела во месецот.
– Апелираме до политичките фактори да ја остават настрана политиката од пензионерите. Ние сме 300.000 пензионери, но сметајте дека пензиите се поддршка на 900.000 луѓе, бидејќи ние имаме семејства, вели Аргировски.
Пензионерите стравуваа дека пензиите ќе им доцнат воочи новогодишните и божиќните празници. Но, сепак порачаа дека нема да дозволат заменикот-министер од СДСМ да носи такви одлуки бидејќи не е избран од граѓаните. Еден пензиониран потполковник му порача на Наумов дека токму пензионерите ќе го казнат на денот на изборите.
-Нека го чекаат 24-ти април, наутро во 7 часот, па ќе видат како се игра со пензионерите, со граѓаните на Република Македонија, со сите чесни граѓани. Не Кире, Свети Кирил да дојде како нов министер за финансии, не може да ги запре пензиите. Тоа е наше загарантирано уставно, социјално и трудово право. Ние сме работеле 40 години и не може некој пилиштар да дојде и секој ден ние да стравуваме дали ќе добиеме пензии. Јас го поздравувам новиот заменик министер и му кажувам дека ќе добиеме пензии, па макар и да дуби на глава. Нека не водат Заева политика. Таа политика брзо ќе биде казнета 24-ти април. Од нас, баш од пензионерите кои најмногу имаме продонесено за овој степен на општеството и во изградба и во опстанок и за се, вели тој.
– Срамота е ова што се прави. Кога СДСМ е во Влада задолжително нешто се комплицира со пензиите. Ни ги кратеа пензиите, ни ги исплаќаа во групи, 2003 го сменија моделот за усогласување и пак ни ги скусија пензиите. Сега влегоа во Влада и пак истата приказна. Ако можат од уста да ти извадат, реагираше друг пензионер.
Сепак, Државната изборна комисија вчера ја вразуми опозициската СДСМ. Ветото на дополнителниот заменик – министер Кире Наумов, кое се закануваше да ја доведе во опасност исплатата на платите, пензиите, социјалните трансфери и реализацијата на капиталните инвестиции е отфрлено. Со мнозинство гласови, членовите на ДИК потврдија дека аукцијата на државните хартии од вредност нема да влијае на изборниот процес.
-Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената пензија. изјави министерот за финансии Зоран Ставрески синоќа.
Претседателот на Сојузот на пензионери на РМ, Драги Аргировски е задоволен што, како што вели, победиле фактите и аргументите и што пензионерите ќе можат повторно и овој месец навреме да си ја добијат својата пензија која во овие 9 години редовно се исплаќа на почетокот од месецот.
– Ова прашање засега еден милион граѓани, бидејќи секој пензионер помага во издржувањето на барем уште двајца членови од своето семејство, вели Аргировски.
Откако народот го почита антидржавното однесување на Заев и не му дава поддршка, првиот човек на опозицијата со вакви деструктивни постапки се обидува да ги казни граѓаните, само поради тоа што не го поддржуваат. Дека Заев не ужива никаква значајна доверба кај народот покажа и последната анкета на ИРИ, според која опозицискиот лидер има рејтинг од само 5 отсто, што впрочем е намалување за речиси 30 отсто од неговиот рејтинг пред неколку месеци, кога изнесуваше 7 отсто.
Сепак, Заев никако да увиди дека чекорите кои ги превзема, а се на штета на граѓаните се самоуништувачки за него, па продолжува во пресметката со сопствениот народ само затоа што не ја ужива поддршката кај него, што е извор на патолошка омраза на опозицискиот лидер која поттикнува Заев со вакви деструктивни чекори да се обиде да предизвика хаос во државата.
Пензионерите, социјалците, земјоделците и сите оние групи кои се засегнати од постапките на опозицијата повторно порачуваат дека ќе го казнат Заев на изборите во април за ваквото деструктивно однесување. Мултимилионерот Заев очигледно не го интересира дали пензионерите, социјалците, земјоделците и администрацијата ќе земат социјална помош, плата и пензија.„Ако јас пропаѓам, нека пропаднат сите затоа што не ме поддржуваат“. Со овие зборови се чини дека многу јасно може да се опише последно