После девет години за првпат неизвесна исплатата на пензиите. Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов најави вето на редовната аукција на државни записи предвидена со Буџетот за 2015 година, по што Министерството за финансии излезе со соопштение дека со ветото ќе се попречи редовната исплата на пензиите.Со реакција излегоа од Сојузот на здруженија на пензионери. Претседателот на Здружението Драги Аргировски истакна дека девет години немало доцнење на пензиите и дека од 2006 наваму пензиите се исплаќале првата недела во месецот.
– Апелираме до политичките фактори да ја остават настрана политиката од пензионерите. Ние сме 300.000 пензионери, но сметајте дека пензиите се поддршка на 900.000 луѓе, бидејќи ние имаме семејства, вели Аргировски.
Пензионерите стравуваат дека пензиите ќе им доцнат воочи новогодишните и божиќните празници. Но, сепак порачуваат дека нема да дозволат заменикот-министер од СДСМ да носи такви одлуки бидејќи не е избран од граѓаните. Еден пензиониран потполковник му порача на Наумов дека токму пензионерите ќе го казнат на денот на изборите.
-Нека го чекаат 24-ти април, наутро во 7 часот, па ќе видат како се игра со пензионерите, со граѓаните на Република Македонија, со сите чесни граѓани. Не Кире, Свети Кирил да дојде како нов министер за финансии, не може да ги запре пензиите. Тоа е наше загарантирано уставно, социјално и трудово право. Ние сме работеле 40 години и не може некој пилиштар да дојде и секој ден ние да стравуваме дали ќе добиеме пензии. Јас го поздравувам новиот заменик министер и му кажувам дека ќе добиеме пензии, па макар и да дуби на глава. Нека не водат Заева политика. Таа политика брзо ќе биде казнета 24-ти април. Од нас, баш од пензионерите кои најмногу имаме продонесено за овој степен на општеството и во изградба и во опстанок и за се, вели тој.
– Срамота е ова што се прави. Кога СДСМ е во Влада задолжително нешто се комплицира со пензиите. Ни ги кратеа пензиите, ни ги исплаќаа во групи, 2003 го сменија моделот за усогласување и пак ни ги скусија пензиите. Сега влегоа во Влада и пак истата приказна. Ако можат од уста да ти извадат, вели еден пензионер од Скопје.
-Поради ветото на новиот заменик, тоа ни случајно не смее да се случи! Пензионерите треба да се примаат на време како и досега, вели една пензионерка.
-Тоа не смее да се случи со оглед на состојбата. Ова е само некоја фама.
Друга пензионерка вели дека нема да дозволат ваквото однесување на техничките заменици министри на СДСМ да ги уплашат.
-Нема страв кај нас. Дополнителните заменици министри треба да си ја гледаат работата и нека не се мешаат каде што не им е место, вели таа.
-Пензиите мора да се примаат на време, како досега.
И корисниците на социјална парична помош почувствувале страв по ваквиот однос на Кире Наумов.
-Секој сиромашен човек треба да прима социјална парична помош. Нека не мешаат политика.
Како што велат од Министерството за финансии, со ветото се укинува редовен инструмент за финансирање на буџетот со што ќе се влијае на ликвидноста на буџетот.Со реакција излегоа од Сојузот на здруженија на пензионери. Претседателот на Здружението Драги Аргировски истакна дека девет години немало доцнење