Бројни проекти реализирани и во 11 Октомври Бараки

Правејќи напори да им го подобри секојдневието на своите жители, Општина Кисела Вода досега реализираше бројни проекти и во населбата 11 Октомври Бараки, како за подобрување на инфраструктурата, така и за разубавување на овој дел од населбата со хортикултурно уредување.За таа цел, досега се преземени мерки за поплочување со павер елементи на тротоарите од двете страни на ул.”Трајко Иванов”, каде беше извршено и хортикултурно уредување. Вредноста на проектот изнесуваше 307.758 денари. На скверот помеѓу оваа улица и бул. “Борис Трајковски” беше изведена стилизација на локомотива со вагончиња, а во соработка со Град Скопје овој дел беше и хортикултурно уреден, за што беа инвестирани 436.600,00денари.
На ул. “Спиро Гулапчев”, пак, за решавање на проблемот со прифаќање на атмосферските води од овој дел од градот, беше изведен крак од атмосферска канализација во должина од 304 метри. За изведба на истата беа инвестирани 3.621.892,00 денари од буџетот на Општина Кисела Вода.
Истата улица беше целосно реконструирана. Беше поставена нова асфалтна маса, а се обновија и торотоарите од двете страни на улицата, на кои се поставија бекатон плочки на површина од вкупно 660 квадтратни метри. Средствата потрошени за реализација на овој проект беа во висина од 2. 756.051,72 денари.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: