Општина Кисела Вода бара иницијативи од граѓаните за изработка на урбанистички планови

Работејќи во насока на подигнување на квалитетот на урбаното живеење на својата територија, општина Кисела Вода објави јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на нови или изменување и доплнување на постоечките урбанистички планови.Заинтересираните граѓани и правни лица иницијативите можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам или во писмена форма во архивата на општина Кисела Вода.Сите оние кои се заинтересирани за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови тоа може да го направат најдоцна до 02.05.2017 година, односно еден месец по објавувањето на соопштението во јавното гласило и на веб страната на општина Кисела Вода. Истото е и обврска на општината, согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи во соработка со граѓаните и правните лица на својата територија да создава квалитетни услови за  живот за сите свои жители.Заинтересираните граѓани и правни лица иницијативите можат да ги достават во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам или

Пронајдете не на следниве мрежи: