Стрезовски: Реализирани значајни капитални проекти во Преспа

Изминатата година беше исклучително значајна за реализација на проектни зафати во речиси сите сегменти и подигање на квалитетот на живеење на граѓаните во Преспа, оцени на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.
 

 

Со реализацијата на големиот број проекти, како што заклучи, 2016-та ја заокружиле со еден значаен четиригодишен инвестициски циклус, почнат уште во 2013 година, кој го окарактеризира како врвен и недоживеан на тие простори последните децении.
При крај е реализацијата на проектот реконструкција на системот за водоснабдување во Ресен, со кој ќе се заменат старите, дотраени и здравствено штетни азбестни цевки. По реализацијата се очекува не само чиста и здрава вода за пиење, туку и сериозно намалување на губитоците на вода со кои се соочувавме изминатиот период, како и елиминирање на честите дефекти кои беа резултат на дотраеноста на системот, истакна Стрезовски, посочувајќи дека во моментот се работи на секундарните приклучоци кај корисниците.
Проектот, додаде, се реализира со средства од Европската инвестициска банка, а реконструкцијата на секундарната мрежа финансиски е поддржана од Швајцарската агенција за поддршка и развој и УНДП, во рамките на реализацијата на мега-проектот за заштита на Преспанското Езеро.
Во делот на водоснабдувањето, посочи дека е инвестирано и во повеќе населби и села во Преспа, а потсети и на реконструкцијата и модернизацијата на системот за улично осветлување во општина Ресен, проект вреден околу 1,5 милиони евра. Осветлени беа и сообраќајните јазли кај туристичките населби Претор и Крани, како и во Царев Двор.
Со ваквите зафати, кои општина Ресен ги реализира со финансиска поддршка на Јавното претпријатие за државни патишта и во износ од околу пет милиони денари, се заокружи процесот на канделабриско опремување и осветлување на сите сообраќајни јазли во Преспа, според што нашата општина е единствена во државава, рече Стрезовски.
Во текот на изминатата година, тој посочи дека целосно е реконструирана една од најфреквентните градски пешачки улици – „Мите Богоевски“, со комплетно партерно уредување, поставување улични канделабри, клупи за седење, корпи за отпад, цветни жардиниери, а како дел од тој проект беше изграден и паркинг за возила на просторот зад зградата на Фондот за здравствено осигурување. Средствата за проектот во износ од околу 5,5 милиони денари целосно ги обезбеди општина Ресен од сопствениот буџет.
Реконструирани се и локалните патишта кон селото Лева Река, Јанковец, Сопотско и Горно Дупени, како и голем број улици во населените места, а од витално значење за регионот, според него, е реконструкцијата на патниот правец Битола – Ресен – Буково.
Пред извесен период целосно се завршени градежните зафати на делницата Ресен-Буково и таа е веќе ставена во употреба. Во моментов се работи на довршување на делницата Макази-Ѓавато, а со оглед на тоа што делницата Битола-Ротино е веќе завршена и ставена во употреба, се очекува пролетва да се реконструира уште делницата Ротино-Ѓавато, со што овој навистина капитален проект за Преспа, вреден околу 7 милиони евра и финансиски поддржан од Владата на Република Македонија и Јавното претпријатие за државни патишта, ќе биде комплетно завршен и ставен во употреба, нагласи градоначалникот Стрезовски.
Реализирани се и проекти за одведување на фекалните отпадни води во село Дрмени, а реализирани се и инфраструктурни зафати за подобрување на системите за изнесување на отпадните води во неколку градски населби.
За развој на туризмот, изградени се плажи во туристичките локалитети Стење и Сливница, а туристичката понуда ќе биде збогатена и со изградбата на пешачко-велосипедските патеки на потегот Претор-Сливница-Крани и во Стење.
Сериозно збогатување на туристичката понуда е магнет за огромен број туристи кои минатото лето ја посетија Преспа. Сето тоа и како значаен стимул за голем број граѓани кои живеат во крајезерските населби и кои веќе пројавуваат интерес за вложување во сместувачки капацитети во приватниот сектор. Изградбата на двете плажи ја чинеше Владата на Република Македонија над 77 милиони денари, а реално е очекувањето дека во наредниот период ќе се изградат уште 1.400 метри нови плажи во останатите туристички населби во Преспа, истакна Стрезовски.
Минатата година, нагласи градоначалникот на Ресен, беше изградена и ставена во изградбата Спомен-куќата-Музејот на Татарчеви, изградена во чест на првиот претседател и предводник на Македонската револуционерна организација, д-р Христо Татарчев.
Преспа, како што нагласи, реалиизра голем број проекти за заштита на животната средина, со што заслужено го носи епитетот најеколошка општина во државата.
За наредниот период Стрезовски најави изградба на заобиколница околу Ресен, локални патишта и улици во општината во должина од околу пет километри, реконструкција на главните улици во градот, системи за фекални канализации во Стење, Перово, Грнчари, Подмочани и Јанковец, нов водоснабдителен систем во туристичката населба Претор, нови плажи во Претор, Крани и Отешево…

 

Со реализацијата на големиот број проекти, како што заклучи, 2016-та ја заокружиле со

Пронајдете не на следниве мрежи: