Започнува имплементацијата на проектот “ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ“ во Општина Берово, од јавниот повик за финансирање на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија. Преку овој проект ќе се изгради Водовод со пречистителна станица во населба Беровско езеро и ќе се реши долгогодишниот проблем за снабдување со вода за пиење, со што ќе се придонесе да се подигне вредноста на имотите на сопствениците, ќе се подобри конкурентноста и ќе се поттикне развојот на туризмот.
Вредноста на проектот е 500.000 евра од кои 60% ќе ги користи Општина Берово која што е носител на проектот, а останатите 40% се за Општина Сандански која е проект партнер на Општина Берово.
-Овој проект ќе ни донесе многу повеќе гости, ќе ни реши еден голем проблем со кој секојдневно се соочуваме и ќе биде голема придобивка и за населбата Беровско езеро и за Берово. Кога оваа информација ќе биде објавена и проширена, интересот за туризмот ќе биде многу многу поголем, изјави Зоран Ајтовски, сопственик на викендица.Преку овој проект ќе се изгради Водовод со пречистителна станица во населба Беровско езеро и ќе се реши долгогодишниот проблем за снабдување со вод