Заменик министерот за образование Спиро Ристовски и градоначалникот Тони Заткоски денеска во Кривогаштани ја пуштија во употреба спортската сала во ОУ „Манчу Матак“.Според заменик министерот Ристовски во ова населено место првпат се пушта во употреба спортска сала. Тој истакна дека инвестицијата чини 24 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука.
– Ова е веќе 66 спорстска сала која на ниво на Македонија ја изгради Министерството за образование и наука. Заедно со спортските сали кои ги градии Агенцијата за спорт и млади ова е 96-та спортска сала која што како Влада ја изградивме во изминативе неколку години. Навистина сум многу среќен затоа што ако се навратиме пред еден период кога дојдов тука во посета на општина Кривогаштани, заедно со градоначалникот како изгледаше училиштето, а денес имате комплетно реновирано енергестки ефикаксно училиште, спортска сала, детска градинка, спортски комплекс веднаш до ова училиште, сето ова говори само за сериозноста на Владата и општината што го прават за населението тука, рече Ристовски.
Како што појасни градоначалникот на Кривогаштани, Заткоски, спортската сала се изгради во рок од една година.
– Со оваа инвестиција значително ќе се подобри спортската инфраструктура во оваа општина, а бенефит ќе имаат сите жители на општината. Ова е втор поголем спортски објект што се отвора во последниве три години во општина Кривогаштани. Прво се изгради повеќенаменското спортско игралиште, кое е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт и ова е вториот објект, училишна спортска сала, која што ќе ги задоволува потребите на 400 ученици на ОУ „Манчу Матак“ и подрачните основнии училишта на ова училиште, со тоа што овој бенефит ќе го користат не само учениците од нашата општина туку и повозрасните структури, бидејќи овие спортски објекти ќе ги користат сите граѓани, изјави Заткоски.
Беше најавено дека е подготвена документацијата за изградба на спорстка сала во селото Обршани и за ново повеќенаменско игралиште во ова село.
За изградба на спортски сали во земјава досега Министерството има инвестирано 30 милиони евра.Според заменик министерот Ристовски во ова населено место првпат се пушта во употреба спортска сала. Т