Во Штип е отворена првата Фитнес зона, што е дел од новиот проект на Агенцијата за млади и спорт за изградба на вкупно 20 на територијата на земјава. Зоната е на површина од 180 метри квадратни, со тврда гумирана подлога и осум реквизити, целосно безбедни и едноставни за користење.Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кој денеска присуствуваше на отворањето на Фитнес зоната, која се наоѓа на пешачката патека покрај реката Брегалница, исткана дека ова е иновативен проект од кој ќе имаат корист сите рекреативци и професионални спортисти.
– Агенцијата за млади и спорт иако напочетокот на овој проект го најави за октовмри, сепак успеавме во експресно брз рок да ги завршиме тендерските процедури, проектно-техничката документација и секако во соработка и поддршка на дел од општините веќе и ги завршивме дел од фитнес зоните, вели Спасески.
Во завршна фаза се и фитнес зоните во Кочани, Дојран и Гевгелија, се работи во Ресен и Охрид, а до крајот на годината ќе бидат функционални и во Берово, Маврово-Ростуше и Прилеп.
– Инвестицијата на една фитенс зона едва милиони денари, а целокупната инвестиција за реализација на вкупниот проект е 40 милиони денари, рече Спасески.
Во изминатиот период за подобрување на спортската инфраструктура, само преку Агенцијата се инвестирани над 75 милиони денари, а веќе за следната година е најавена изградба на игралиште за стрит баскет и скејт парк.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев изјави дека како локална власт се мотивирани од позитивните реакции и секојдневното користење на фитнес зоната од страна на рекреативците и спортистите да изградат уште четири вакви Фитнес зони во населбите Дузлак, Сењак, во ЗОО градината и во една од приградските населби.
– Отварањето на Фитнес зоната е корисна за сите, пред се за најмладите но и за најстарите. Таа е лоцирана на најживописниот дел од нашиот град, покрај клисурата на реката Брегалница . Се наоѓа покрај шеталиштето кое го изградивме пред две и пол години и да истакнам дека од понеделник почнува и изградбата на уште седум километри од оваа шеталиште и оваа патека, која ќе оди од населбата „8 ми Ноември“ до „Стар Караорман“, рече Захариев.
Тој истакна дека во моментов од буџетот на општината се доградуваат 15 спортски игралишта во Општина Штип.
Инаку, изградбата на фитнес зоните е дел од 40-те мерки за млади на ВМРО-ДПМНЕ.Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, кој денеска присуствуваше на отворањето на Фитнес зоната, која се наоѓа на пешачката пат